Зошто „Грош“ им е омилената меана на скопјани?

Секој човек мора да има свое омилено кафуле и своја омилена кафана, односно место каде што може слободно да се регенерира од секојдневните приказни и стресови и место каде што може да се чувствува како дома.

Своја маса, свое столче, келнери со кои е пријател и кои веќе воопшто немаат потреба да прашуваат какво јадење и каков пијалак да донесат. Угостителството е специфична комбинација на наука и уметност, и воопшто не е лесно да се создаде симпатично место каде што луѓето навистина сакаат да бидат и каде што ќе се чувствуваат подобро отколку во некое друго ќоше.

Нормално, и тие места се менуваат, бидејќи постојат различни кафани за различни пригоди, но просто, кога редовно посетуваш еден ист ресторан, тогаш започнуваш да чувствуваш дека си дел од него. И задоволен си.

Таков е примерот со градската меана „Грош“ која се наоѓа во срцето на трговскиот центар Лептокарија. Таму секој се чувствува природно и презадоволно. Таму може да ги вкусите истите работи за кои претходно ви говоревме. Во „Грош“ секогаш ќе бидете пречекани од пријателски расположени келнери, од кои, доколку првпат го посетувате ова место, можете слободно да побарате совет за највкусната храна што ја нуди куќата.

Во меана „Грош“ ќе сретнете сочни ладни и топли даски, сушено месо обесено на жица со штипка, а ниту една порачка не минува без оној препознатлив и традиционален вкус на било кој македонски специјалитет. Таму можете да ја вкусите една од највусните скари во земјава, а воопшто да не ви зборуваме за пинџурите, салатите и пијалаците.

Како што и самите вработени велат: „Ние сме кафана за сечиј џеб и за сечиј вкус. Луѓето сами си доаѓаат, а ние сме секогаш расположени да ги испратиме насмеани, најадени и весели“.

Она по што најмногу се разликува „Грош“ од останатите кафани од Скопје, исто така, претставува изборот на музика која постојано ја загрева атмосферата меѓу гостите. Честопати таму ќе начекате и жива чалгијска музика, но неретко ќе ги слушнете и оние старите, препознатливи екс-ју звуци.

Ако сè уште не знаете каде да појадувате, да ручате или да вечерате, тогаш време е да се одлучите. Ние, секако, ќе ве чекаме таму надвор, во зеленилото на терасата.

 

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*