ЗОИ 2018: Абориџин првпат ќе ја претставува Австралија

Натпреварувачот во уметничко лизгање Харли Виндзор е првиот Абориџин, кој ќе ја претставува Австралија на едни Зимски олимписки игри.

Виндзор ќе учествува во Пјонгчанг заедно со Русинката Екатерина Александровскаја, која од минатата година ја претставува Австралија.

– Ми претставува огромно задоволство што успеав да го направам тоа, дури и малку сум шокиран, изјави Виндзор пред новинарите во Пјонгчанг.

За Австралија на Летните игри се натпреварувале над 50 Абориџини, но ниту еден досега не ја претставувал земјата на Зимските игри иако учествува од 1936 година во Гармиш-Партенкирхен.

– Се надевам дека ќе успеам да охрабрам многу повеќе Абориџини да се занимаваат со зимските спортови, рече Виндзор.

Зимските олимиски игри започнуваат утре и ќе траат до 25 февруари.

The post ЗОИ 2018: Абориџин првпат ќе ја претставува Австралија appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата