Зидан: Серхио малку се покака!

Како и на многу средби сезонава во Ла Лига, така и против Еибар, Реал се намачи да стигне до трите бода, a и покрај двата гола на Кристијано Роналдо, моментот на мечот го имаше капитенот Рамос.

Во 73. минута од дуелот Еибар – Реал Мадрид при резултат 1-1, Серхио Рамос нешто му дошепна на судијата и набрзо истрча во подтрибинскиот простор. После пет минути пак се врати на теренот.

Реал веќе немаше право на замени но за време на отсуството на Рамос ништо драстично не се смени на теренот. После пет минути откако се врати, Кристијано Роналдо го даде вториот гол на мечот и Реал победи во самиот финиш.

На прес-конференцијата после натпреварот во Баскија, Зидан објаснил кратко и јасно.

„Малку се покака, му отиде во гаќите па истрча во тоалет“, без влакна на јазикот рекол Зидан за својот капитен.

А самиот Рамос се насмеа за целата епизода и после средбата твитна: „Повик на природата. Излегов-се вратив. Спремен назад. Тимски гол. Враќање дома. Одиме понатаму.“

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*