Зидан ќе го реконструира тимот

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид се наоѓа во резултатска криза, а тренерот Зинедин Зидан веќе подготвил листа со играчи кои ќе добијат известување да го напуштат клубот.

Зидан се пожалил и кај претседателот Флорентино Перез дека против него одредени фудбалери водат хајка. Перез наводно му дал одврзани раце да се „ослободи“ од оние за кои мисли дека работат против него.

Првите кои се очекува да си заминат од „Сантијаго Бернабеу“ уште во зимскиот преоден рок се Лукас Васкез и Дани Себалос.

На крајот на сезоната би можеле да си одат Герет Бејл, Лука Модриќ, Кико Касиља, Маркос Љоренте, Ашраф хакими и Хесус Ваљехо.

По 12 рунди во Примера, Реал Мадрид има двоцифрен заостаток (10 бода) зад лидерот Барселона и шест за второпласираната Валенсија.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]