Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна.

Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот.

Требаше да одам дури во Бурса на Театарски Фестивал за да ми измерат крвен притисок од 190 со 115. (Опааа Батооо, каде и да е, ќе умрит и ќе куртулиме од негојне колумни, се слушна шепот низ истите охридски улици к’ј шо си го најдов либето).

190 со 115 било многу, велат лекарите, било пред инфарктно.

Е тоа е, кога се нервираш со се неубо што ќе ти бидат очите и ќе ти слушнат ушите, а нашава Македонија како Скандинавска земја, досадно безпрекорна и без повод и причина за нервоза.

Сега, Агрон Биба, патиките и цапај по Охридската „инфаркт штрасе“ позади дрвенион мост, кој сега е бетонски и мост кој е потентен и на кого му се креват (платформата) само на високи бродој, онака, кад су лаѓе у пролазу, тад можеш да будеш капетан лаѓе, пре него што лаѓа отплови.

Благодарение на интервенцијата на докторите во Бурса и Охрид, како и грижата на моите почитувани театарски колеги, пријатели и фамилјарната нега, ете ме пак на колумнистичко цепидлачење.

Едно искрено благодарам на сите и „идемо даље за исте (непостоече) паре“.

Lady’s and Gent’s, Lady’s and Gent’s, the Show must go on, till the fat Lady sings again!

Во 2006 година живеев фамиљарно во Лондонски Нотинг Хил.

Наспроти подземната железничка станица „Нотинг Хил Гејт“, има една „Waterstones“ книжара, од каде мојата животна љубов ми купила роденденски подарок, „Twelve Books That Changed the World“ (Дванаесетте Книги кои го измениа Светот) од Мелвин Браг (Melvyn Bragg).

Книгата беше излезена тазе од печатење и беше како жежок бурек, и брзо се изеде.

Да не влегувам во помали детали околу книгата, ќе спомнам дека една од книгите кои предизвикале светски промени е и…нема да верувате, но сигурно веднаш ќе се согласите, Book of Rules of Association Football (1863), Книгата за правилата на футбалската игра печатена во 1863 година.

Неверојатно голем број на футбалски навивачи научиле да читаат само за да можат да ги прочитаат коментарите на фудбалската утакмица која ја гледале или не успеале да ја гледаат, вели Мелвин Браг во неговото истражување. Многу голем успех имале војничките регрутации по футбалските терени, вели еден друг коментар на Мелвин Браг, посебно обрнувајќи внимание на Стамфорд Бриџ, познатиот стадион на ФК Челси.

Пред 1863 година, кога „најважната споредна работа во животот“ неговото величество футбалот се официјализира, имало предфудбалски активности кои биле толку набиени со енергија што предизвикувале нереди по градовите и селата. Кога некој ќе произведел нешто во вид на топка, среде село или град, почнувал општо шутирање на истата и настанувал невиден хаос и тепачки. Истовремено, желбата да се шутира топката, ги одбивала младите британски генерации од нивната должност како што било вежбањето со лак и стрела, како патриотска должност за одбрана на островото од можните континентални инвазии.

Покрај сите усилби да се попречи развојот и масовноста на футбалот, тој преживеал и ете го, си цути како најубав и најскап цут. Уште неколку недели и ќе почне(продолжи) футбалската манија, овојпат Светското Првенство ќе се оддржи во Русија.

Тоа значи, дека набрзо ќе имаме светски футбал во Русија, како муабет од Гоцета, и за жал ќе продолжи војната во Сирија, овојпат со повеќе учесници. Тешко на сиријските деца, сиријските мајки, старци и старици. Колку уште болка можат да снимат небројните камери, и колку уште болка трпи светската хуманост или нехуманост?

Да се вратиме на спортот, како алтернативно војување.

Кога Футбалот и Рагбито се разминале, најпрочуените прозападни светски колеџи го вовеле Рагбито како обавезна спортска активност во својот курикулум.

Зошто? Затоа што рагбито наликува повеќе на војувањето.

Во рагбито се сите заедно, без слаба алка, во борбена-фронтална линија, во истовремена одбрана и напад. Многу е важно да кажам, дека во Рагбито нема правила, туку ЗАКОНИ.

Во Рагбито нема ни најмала расправија со судиите, кои се ословуваат со Сир.

Во Англо-Саксонското говорно подрачје е популарна мислата, дека Футбалот е Џентлеменска игра за УЛИЧАРИ, додека Рагбито е УЛИЧАРСКА игра за Џентлемени.

Одамна е познато преку моите колумни дека за мене политички и културолошки сонцето изгрева на Запад. Точно, Западот не е идеален, но споредбено со Истокот, еехаха?!?

Во мојот крвоток тече рагби, а очите ми гледаат футбал.

Во нашата Европа, постои рагби такмичење наречено Сикс Нејшонс ( Six Nations).

Тие се- Англија, Франција, Шкотска, Ирска, Велс и Италија.

Во Светски рамки, на овие држави додадете ги и Австралија, Нов Зеланд, Фији, Tonga, Samoa, Јужна Африка, Уругвај, САД, Канада, Аргентина….

Малку рагби и традиционална ХАКА од Нов Зеланд.

Да не заборавиме дека и во Руската Федерација и нејзино Европско опкружување е популарен Хокејот на Лед.

Слично како и во Рагбито (и Америчкиот Футбал), Хокејот на Лед е воинствена битка со многу контакт и со многу воинствена тактика за напад и одбрана.

И во Хокејот на Лед, постојат Големите 6. Тоа се Канада, Република Чешка, Финска, Русија, Шведска и САД.

Имаме доволно воинствен спорт, за да немаме потреба од војна во Сирија.

Колку и да е важна единствената Руска Воена База во Средоземието, 20.000 мажени русинки во Сирија и важните гасоводни линии сосе сите останати геополитички компликации, Фишер и Спаски треба да си подадат рака и да почнат да зборуваат за мирот.

Мир е убав збор.

На Албански значи добро, на Македонски „Peace’, на руски Космос.

Сакаме МИР.

Агрон Биба

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата