Вучиќ: Нема предвремни парламентарни избори во Србија

Претседателството на владејачката Српска напредна партија (СНС) на денешната седница донесе одлука да не иницира распишување предвремени парламентарни избори, соопшти вечерва партискиот лидер и актуелен претседател на Србија, Александар Вучиќ.

По завршувањето на седницата Вучиќ им се заблагодари на членовите на Претседателството затоа што „речиси едногласно, со два гласа против“, го поддржале неговиот став дека „државниот и националниот интерес е поважен од партискиот“.

Тој наглaси дека Претседателството на СНС донело одлука „со сета своја сила, решителност и храброст да се бори за победа“ на претстојните избори за органите на локалната власт во Белград.

– Не беше поддржано одржување на предвремени парламентарни избори и покрај фактот што на самата расправа имаше еднаков или нешто поголем број лица кои беа за распишување вонредни парламентарни избори – нагласи Вучиќ.

Пред почетокот на денешната седница, членот на Претседателството на СНС и директор на владината Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ изјави дека очекува исцрпна дискусија, а околу можноста за одржување предвремени парламентарни избори, тој нагласи дека за тоа прашање ќе решава ова партиско тело.

Српската министерска за градежништво, транспорт и инфрастуктура Зорана Михајловиќ истакна дека таа лично е за одржување на предвремени парламентарни избори, но оти смета дека на денешната седница главна тема ќе бидат изборите во Белград.

Потпретседателката на СНС, Марија Обрадовиќ пред седницата само кусо одговoри дека доколку биде покренато прашањето за предвремени избори за членови на Собранието на Србија, таа ќе се изјасни за нивно одржување.  (МИА)

The post Вучиќ: Нема предвремни парламентарни избори во Србија appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Teşekkürler Recep, Спасибо Влади́мир

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

  Каква неблагодарност од наша страна! Во цунамито честитки и поздрави, пофалби, самопофалби и тапкања по рамо (во растреперено очекување Јункер да нѐ благослови и […]

Интервју на неделата