Вучиќ „инфрилтриран“ во владата на Харадинај?

Германскиот печат пишува за новата влада во Косово во која збор ќе добијат и косовските Срби, а во анализите се проценува дека тоа е начин српската влада да ги оствари своите интереси, пишува ДВ.

Весникот „Тагесцајтунг“ наведува: „Како (српската власт) да му објасни на народот дека со години бараше еден ‘воен злосторник’ преку Интерпол, а од друга страна, со гласовите на српското малцинство на Косово, од него направи премиер? Српскиот премиер Александар Вучиќ сигурно ќе успее во тоа. Тој го има последниот збор во својата земја, а печатот цврсто го држи в раце. И сега е уште поблиску до целта да се вмеша во владата на Косово. Србија не ја признава независноста на Косово. А тоа, ни во догледна иднина, нема да мора да го стори. Затоа што, пред сѐ, гласовите на српското малцинство на Косово му помогнаа на поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај сега да стане премиер на Косово. А како тој ќе се однесува во таа ситуација е тешко да се предвиди. Бидејќи и ЕУ и меѓународната заедница, токму како и Вучиќ, сакаат Харадинај да исполни некои услови“.

„Тој (Харадинај) ќе мора да ја проголта големата жаба и да ја признае заедницата на српски општини на Косово, која, како и Република Српска во БиХ, ќе стане држава во држава. Брисел тоа го смета за предуслов за интеграција на двете земји во ЕУ. Харадинај, кој уште минатата година – како опозициски политичар – жестоко се бореше против тоа барање, сега ќе мора да глуми ‘реален политичар’. Неговиот некогашен партнер во коалицијата, претседателот на Движењето за самоопределување Албин Курти, со сите сили сака да го спречи основањето на заедницата на српските општини на Косово. Србија, ЕУ и САД одамна го сметаат Курти за главна пречка, иако младите се на негова страна. Од друга страна, владата на Харадинај има тенко мнозинство. А Вучиќ може мирно да ги набљудува внатрешнополитичките конфликти на Косово: тие се добри за него“, пишува „Тагесцајтунг“.

„Српското малцинство на Косово планира со своето учество во новата влада да го спречи формирањето влада“, пишува весникот „Ханделсблат“. „Србите имаат обврска да се борат против формирањето на т. н. армија, вели Марко Ѓуриќ кој е задолжен за Косово во српската влада. Неговите сонародници, додава тој, ќе ги спречат и другите одлуки на албанското мнозинство кои се против нивните интереси. Новоформираната косовска влада зависи од добрата волја на српските пратеници во парламентот. Преку пратениците кои ги контролира Белград, Србија за првпат доби директно влијание во Приштина. Косово, во кое живеат речиси само Албанци, од пред девет години е независно од Србија и сега е признаено од 115 држави ширум светот. ЕУ со години неуспешно се обидува да посредува меѓу двете страни“.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*