Возачите да внимаваат, пешаците уште повеќе

Лошите временски услови периодов покрај тоа што се една од главните причини која донесе бројните одрони по македонските патишта, тие исто така предизвикаа и десетици сообраќајки само во последите неколку дена, сметаат сообраќајните експерти.

И од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата (РСБСП) констатираат дека влажните коловози во комбинација со неприлагодената брзина на движење на возилата се на врвот од листата причини за зголемување на бројот на сообраќајни незгоди во изминатиот период.

Причината е намаленото триење на гумите со коловозната површина односно лизгавоста на коловозот со што сопирниот пат на возилото се продолжува, се нарушува траекторијата на движење а со тоа самиот процес на управување со возилото бара поголемо внимание и концентрација и секако помали брзини – велат од РСБСП.

Како што посочуваат, во најголемиот дел од ситуациите граѓаните се здобиваат со тешки телесни повреди, но и со смртни последици, а ги објаснуваат и критичните ситуации во кои се наоѓаат возачите кога возат со не толку голема брзина по влажен коловоз.

– Најчесто доаѓа до излетување од коловозот и превртување на возилото, губење на контролата над возилото и преминување во спротивната коловозна лента, возачот не е во можност навремено да го запре возилото пред пешачки премин и да ги пропушти пешаците коишто отпочнале со преминување на коловозот – објаснуваат нашите соговорници.

Согледувајќи ја состојбата на терен, од Советот испратија и апел дека време е да кажеме стоп за убиствата на патиштата бидејќи страшните глетки од уништени возила, жртви со трагични последици и лица кои се порат за својот живот безмалку се секојдневни призори на нашите улици.

Токму сообраќајките се причина број еден која го загрозува животот и здравјето на младите во Македонија. Статистиките покажуваат дека во последната деценија, го земјава на годишно ниво бројката на повредени се движи од 2.600 до 4.200, но и оти таа има тенденција на растење. Просекот, пак, на загинати лица на жешкиот асфалт на годишно ниво е 160.

Анализите на надлежните велат дека околу една третина од сообраќајките во земјава се токму со страшен исход, смртни последици, а најчесто се резултат на движењето со недозволена и неприлагодена брзина.

Големата брзина, според сообраќајните експерти, негативно се одразува на неколку аспекти, како што се управливоста над возилото, сопирниот пат и можноста навремено да се запре возилото. Тука е и негативното влијание врз последиците.

– Без разлика за каков модел и тип на возило се работи, сопирниот пат на возилото е во директна врска со брзината на движење од една страна, а од друга во случај на незгодини со брзини поголеми од 120 километри на час последиците по возачот и сопатниците во најголем сел се фатални – велат експертите.

Токму затоа, првиот совет кој го даваат познавачите е да се прилагоди брзината, а со исклучително внимание да се вози на местата каде се собира воза бидејќи токму тамо може да се наруши траекторијата на движење на возилото и да дојде до негово пролизгување.

Од Советот акцент ставаат и локалните патишта каде има нанесена земја од околните ниви, а нивните совети продолжуваат со тоа да не се менува нагло правецот на движење, да се држи растојание меѓу возилата и да се избегнува нагло запирање и забрзување.

И пешаците да внимаваат

Во лоши временски услови кога има врнежи и магла, возачите да внимаваат на пешаците кои се движат со чадот бидејќи нивното видно поле е намалено, но исто така и пешаците да се однесуваат одговорно, потсетуваат надлежните.

Да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да ги преминуваат улиците и булеварите на пешачки се основните апели кои постојано ги испраќаат од Републичниот совет. Од таму даваат уште неколку практични совети за пешаците да си ја зголемат сопствената безбедност, како што се носењето посветла облека, по можност да имаат и некој флуросцентен и рефлектирачки детал на неа. Иако ретко кој пешак носи флуросцентно елече, велат, ако тоа се облече најлесно ќе бидат забележани од возачите во текот на ноќта и во услови со намалена видливост.

Користењето мобилни телефони во фокусот

Покрај брзото возење кое ќе биде во фокусот на кампањите во наредниот период, надлежните ќе се обидат да ја подигнат јавната свест и за штетните последици од користењето на мобилни телефони. Како што најавуваат, овие две кампањи во наредниот период ќе бидат во фокусот во деновиве што следат.

Меѓутоа, РСБСП констатира дека е неопходна и редовна контрола на сообраќајот, силни санкции и дејствувањето на надлежните да биде насочено кон реалните проблеми со кои се соочување.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*