Возач на блиндирани возила: Кога Бан Ки Мун се возеше во мерцедесот, тогаш разбрав дека го купиле

Маријан Тушевски е вториот од вкупно 11 сведоци кои денеска се во Кривичниот суд да сведочат за блиндираниот мерцедес во случајот „Тенк“ по предлог на адвокатите на Никола Груевски.

Тој бил возач на блиндиран џип, а бидејќи не може секој да вози блиндирано возило тој неколку пати до сервис го возел и стариот мерцедес на Груевски.

– Во неколу наврати го носев на сервис ВИП возилото блиндиран мерцедес. Ако тоа беше во дефект Груевски требаше да се префрли во џипот. И тој беше во лоша состојба. Кога ќе го однесев на сервис ВИП возилото мерцедес во еден наврат мајсторите од сервисот ми рекоа: ,,Уште ли ја користите оваа канта“, затоа што стално имаше дефекти – рече сведокот.

Тој рече дека поради годините и амортизацијата двете блиндирани возила, стариот мерцедес и џипот, често завршувале на сервис.

– Знам дека се купи нов мерцедес по потреба. Кога беше дефект старата блинда, тогаш се возеше новиот мерцедес и се користеше и за странски делегации, како на пример господинот Бан КИ Мун се возеше во него. Тогаш слушнав дека има купено нов блиндиран мерцедес – рече Тушевски.

Исказот и на овој и на претходниот сведок предложени од одбраната се во насока на тоа дека набавката на мерцедесот била неопходна.

The post Возач на блиндирани возила: Кога Бан Ки Мун се возеше во мерцедесот, тогаш разбрав дека го купиле appeared first on PLUS INFO.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата