ВМРО-ДПМНЕ: Ниту Груевски, ниту Мијалков купувале фабрики во Србија

Од ВМРО-ДПМНЕ демантираат дека претседателот на пртијата, Никола Груевски и Сашо Мијалков имаат некаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија.

„Ниту претседателот Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми во Србија, како што пренесуваат медиумите под контрола на СДС. Зоран Заев и СДС имаат потреба да ја дефокусираат јавноста со секакви манипулации за да го сокријат срамот што граѓаните секојдневно го гледаат. Хунтата под водство на Зоран Заев целосно ги потчини судовите кои веќе не ги интересира правото и правдината, туку само исполнување на политички нарачки. Затоа осудените за грозоморната ликвидација на момчињата кај Смилковско езеро се пуштаат да се бранат од слобода за кривично дело тероризам, а се притвораат патриоти чиј единствен грев е што си ја сакаат татковината“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За да ги сокријат сите антидржавни политики, како што велат, медиумите под контрола на СДС имаат потреба без да ја проверат точноста на информациите да пренесуваат интервјуа од соседни земји чија намена е внатреполитичка пресметка.

Изнесените наводи во интервјуто кое го пренесуваат порталите блиски до СДС се целосно неточни и најостро ги демантираме, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]