Владо Илиевски официјално поднесе иницијатива за смена на Наумоски

Владо Илиевски поднесе иницијатива за вонредно собрание на кое ќе се гласа за доверба или недоверба на Петар Наумоски.

На редовното собрание кое се одржа кон крајот на минатата година, Наумоски „преживеа“ откако се вадеше дека немало законски прописи за тоа како ќе функционира федерацијата без претседател во периодот додека се избере нов, па порача противкандидатите да соберат потписи и одново да тропнат на вратата на МКФ.

Владо Илиевски токму тоа го стори денеска, и со потписи од мнозиноството членки побара вонредно собрание.

„Иницијативата е поднесена… продолжува борбата за подобра кошарка во Македонија!!!“ – напиша тој на Фејсбук и постираше селфи од пред канцелариите на МКФ.

Според статутот, Наумоски сега треба да свика состанок на највисокиот орган на МКФ во рок од 15 дена.

The post Владо Илиевски официјално поднесе иницијатива за смена на Наумоски appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата