Викторија Лоба: Зрела сум за да бидам Македонка!

Автор: Мартин Богатиноски

Сфатив дека сум доволно созреана за да бидам македонски граѓанин, па и самите години веќе си кажаа дека ќе останам тука засекогаш, вели пејачката Викторија Лоба.

– Мислам дека ми следува таков статус и голема чест ми е што конечно сум Македонка. Во јавноста кружат секакви шпекулации и озборувања околу моето барање за македонско државјанство, па дури како причина се спомнува и евентуано учество на Евровизија, но јас сигурно тврдам дека нема ништо такво и дека моите намери се искрени – вели Лоба.

Во петокот Владата ја одржа 51-та седница на која прва точка на дневниот ред беше барањето на Лоба да добие македонско државјанство.

Младата пејачка, која е родена во Русија, веќе петнаесетина години живее и твори во Македонија и долго време е присутна на музичката естрада. Од Владата не го соопштуваат образложението поради кое токму сега Лоба поднела барање за државјанство.

Текстот е објавен во Слободен печат.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*