ВИДЕО Сестрата на Ким Џонг-ун главна фаца во Пјонгчанг

Ким Јо-џонг, сестрата на лидерот на Северна Кореја е прв член на ова семејство што замина во посета ја Јужна Кореја по Корејската војна од 50-тите години.

Таа ја предводи делегацијата на Северна Кореја, која присуствува на отворањето на Зимските олимписки игри.

Ким Јо-џонг допатува со приватен авион во сопственост на нејзиниот брат, а во текот на посетата планирано е да се сретне со јужнокорејскиот претседател.

Нејзиното пристигнување го привлече вниманието на сите присутни новинари и фоторепортери.

Претходно, јужнокорејските медиуми шпекулираа дека таа ќе пренесе порака до својот брат за самит на лидерите на Јужна и Северна Кореја.

The post ВИДЕО Сестрата на Ким Џонг-ун главна фаца во Пјонгчанг appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Teşekkürler Recep, Спасибо Влади́мир

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

  Каква неблагодарност од наша страна! Во цунамито честитки и поздрави, пофалби, самопофалби и тапкања по рамо (во растреперено очекување Јункер да нѐ благослови и […]

Интервју на неделата