Вашето лице изгледа познато, но колку е безбедно?

Фотографирате случајни минувачи со својот мобилен телефон и веднаш го дознавате нивниот идентитет. Ова е резултатот од една од најновите интернет програми кои ја нарушуваат приватноста на корисниците на социјалните мрежи.

Всушност, станува збор за проектот „Твоето лице е голем податок“ кој го создаде рускиот фотограф Јегор Цветков, докажувајќи му на светот дека и обичната фотографија од вашето лице може да открие многу информации за вашиот идентитет.

Како што објаснил Цветков, резултатите биле многу подобри од очекуваното, бидејќи биле идентификувани дури 70 отсто од фотографираните лица.

-Секојдневно фотографирам луѓе на улица, во автобус или на автобуска постојка, а потоа ја активирам програмата „Фајнд фејс“ и ги пронаоѓам нивните Фејсбук-профили. Навидум, програмата изгледа интересно и привлечно, но не смееме да заборавиме дека е можна и глобална злоупотреба на туѓи идентитети – рекол Цветков.

Кога станува збор за кај нас, оваа програма се уште не функционира, но познавачите се плашат дека набрзо ќе го „зарази“ и македонскиот народ.

-За жал, социјалните мрежи веќе се сметаат за важен дел од животите на луѓето, а моменталното препознавање на нечие лице ќе биде позитивно изненадување за Фејсбук-зависниците, како и значително олеснување на работата на хакерите и измамниците – вели Дејан Зафировски, компјутерски програмер од Скопје.

И компанијата Фејсбук веќе долго време тестира нов алгоритам кој што е во можност да ве препознае во фотографиите дури и кога на нив не е јасно прикажано вашето лице или воопшто то нема.

Од таму објаснуваат дека овој алгоритам го развива секторот за вештачка интелигенција на чело со Јан Лецун, а начинот на кој што овој алгоритам успева да ве препознае и без вашето лице е преку останатите знаци кои можат да идентификуваат една личност. Според објаснувањата, тие знаци ги вклучуваат вашата фризура, облека или форма на телото.

-Има многу знаци кои активно ги користиме. Луѓето имаат карактеристични аспекти, дури и кога ги гледате од задната страна. На пример, многу лесно можете да го препознаете Марк Цукерберг затоа што тој секогаш е облечен во сива маичка – изјавил Јан Лецун.

За време на тестирањето на алгоритамот биле употребени повеќе од 40 илјади јавни фотографии од социјалните мрежи кои што вклучувале фотографии со јасно прикажани лица, како и фотографии каде што лицата не се прикажани.

-Точноста во препознавањето моментално изнесува 83 проценти, што може да се каже дека е прилично добра, со оглед на целта за давање предлози на корисниците – рекол Лецун.

Дека безбедноста на социјалните мрежи не е на највисоко ниво покажува и фактот дека мобилната апликација „Фејсбук“ секојдневно ги прислушува корисниците дури и кога телефоните се исклучени. Оваа информација беше пласирана во јавноста за време на Конвенцијата што се одржа минатиот месец, а научниците потврдија дека апликацијата цело време го чува активиран микрофонот на телефонот и следи се што се зборува во околината.

Од компанијата „Фејсбук“ ја потврдија оваа информација, но тврдат дека нивната цел не е прислушување на вашите разговори, туку само музиката, филмовите и тв-програмите што ги гледате и слушате во моментот.

Дебатата околу оваа функционалност периодов повторно се актуелизираше благодарејќи на професорката за масовни комуникации Кели Бурнс од Универзитетот на Јужна Флорида.

-Во текот на моето истражување дознав дека целта на компанијата Фејсбук навистина не е да слуша што се случува околу корисникот, туку тоа го прави само за да види што тој слуша или гледа во моментот за да може да му предложи соодветна тема за читање кога тој ќе се вклучи на социјалната мрежа – објаснува Бурнс.

Од друга страна пак, нејзиниот став е дека апликацијата го користи аудиото и за слушање на разговорите на луѓето за потоа да може да им објавува реклами кои се соодветни на нивните интереси.

„Следна генерација“

Федералното истражно биро (ФБИ), пак, претстави свој амбициозен систем за препознавање лица кој чини милијарда долари, пишуваат светските медиуми.

Идентификацискиот систем „Следна генерација“ би требало да му помага на американското Федерално биро за истрага против криминалците, но поборниците за приватност веќе се загрижени поради последиците.

-Досега се потпиравме само на базата од отпечатоци од прсти, но Идентификацискиот систем „Следна генерација“ ќе ги користи полициските снимки, ДНК-податоците, скенираните зеници и снимките од гласови што биле собрани преку мрежа од фотографски бази на податоци снимени со камери низ целата земја – велат од ФБИ.

Колумна на денот

Teşekkürler Recep, Спасибо Влади́мир

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

  Каква неблагодарност од наша страна! Во цунамито честитки и поздрави, пофалби, самопофалби и тапкања по рамо (во растреперено очекување Јункер да нѐ благослови и […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*