УСАИД + СОРОС = Албанија

Откако се закани со тужба против Стејт департментот, американска организација која се бави со транспарентност и отчетност на трошењето државни пари, ги доби документите за тоа каде отишле 9 милиони долари од даночните обврзници на САД.

Judicial Watch (американска непартиска конзервативна платформа чие мото е „Никој не е над законот“) се повикува на 32 страници податоци за тоа како администрацијата на Барак Обама потрошила 9 милиони долари на групации на Сорос во Албанија кои потоа финансирале левичарски активности и проекти, вклучувајќи ги и контроверзните правосудни реформи во таа земја. Податоците укажуваат и на тоа дека албанските Соросовци имале важна улога и во проценувањето на апликациите за други грантови добиени од пари на американски даночни обврзници.

Оваа организација претходно го тужеше Стејт Департментот бидејќи одби да одговори на барањата за тоа како се трошеле американски буџетски пари во Албанија а сега ја повлекле тужбата откако ги добиле бараните документи.

Лани во март, и шестмина американски сенатори побараа од тогашниот државен секретар Рекс Тилерсон да ги испита обвинувањата дека со американски буџетски пари се финансира Сорос во Албанија. Во писмото се наведуваше:

„Фондацијата Отворено општество – Албанија, финансиранo од УСАИД, креираа контроверзен Стратешки документ за правосудни рефоми. Некои лидери веруваат дека главна цел на овие “реформи” е на премиерот и на левичарската влада да им се даде комплетна контрола врз судството“.

Документите откриваат дека парите на УСАИД биле канализирани преку агенцискиот Civil Society Project за да се поддржи Отвореното општество на Сорос во Албанија, особено неговите напори на социјалистичката влада да ѝ се даде поголема контрола врз судството, наведува JW.

Во нив има податок дека американската амбасада во Тирана, во 2016 година спионзорирала истражување на расположеноста на албанските граѓани за правосудни реформи. Сондажата на Сорос покажала огромен позитивен фидбек (91% биле за „целосна поддршка“ или “поддршка“ за реформи). Само што во истражувањето не било наведено каков тип реформи се предлагаат.  Слична сондажа била ко-спонзорирана и следната година.

Документите откриваат и дека УСАИД на Сорос и неговите експерти им давал целосен пристап до апликациите за други грантови.

„Претставници на Отвореното општество редовно се повикуваат да учествуваат во техничка проценка на апликациите кои ги добиваме за финансирање“, се наведува во еден од меморандумите.

Инаку, американскиот амбасадор во Албанија, Доналд Лу, е тесно поврзан со Сорос и владеачката социјалистичка партија. Тој во 2017 ги секна опозиционите најави за протести пред парламентарните избори порачувајќи дека Вашингтон ќе ги признае резултатите и доколку на нив не учествува опозицијата. Лу важи за главен двигател на судските реформи во таа земја.

„Џорџ Сорос е милијардер и не би требало да користи американски даночни пари за финансирање на својата радикално лева агенда која ја поткопува слободата и овде и во странство“, вели претседателот на Judicial Watch, Том Фитон.

Организацијата порачува дека ќе продолжи со истражувањата на слични случаи во Македонија, Романија и Колумбија.

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*