Учи албански, за да се разбереш во Македонија

На социјалните мрежи деновиве се појавија повици, децата во Македонија задолжително да учат албански јазик за да се разберат со своите етнички различни сограѓани со кои теба да градат соживот по европски терк.

Секоја врска на повикот со изгласувањето на Законот за употреба на јазиците кој со европско знаменце треба да добие амин во македонското собрание на 13 септември е  – само случајна.

Како што се случајни шпекулациите дека предлог-законот беше и е услов за опстојувањето на сегашната коалиција на власт, за која се тврди дека може да се распадне доколку не помине поглавието за јазиците од таканаречената „тиранска платформа“.

Се е темпирано. Нема повици децата Албанци да го научат македонскиот. Напротив, експерти од една етничка заедница не така одамна убедуваа(т) дека, покрај албанскиот и англискиот, инсистирањето на учење на македонски од прво одделение во училиштата во средините каде има доминантно 20 – процентно албанско малцинство, ќе биде товар за дечињата Албанци.

Но, нема експертски мислења дали учење албански би било товар за оние кои покрај мајчиниот македонски и меѓународно прифатениот англиски мора да учат и албански.

-Во некоја утописка Македонија, сите Македонци би се залагале за правата на Албанците и сите Албанци би се залагале за правата на Македонците, стои на еден од постовите на социјалните мрежи, алудирајќи на „Утопија“-т, дело на англискит хуманист, писател и државник, Томас Мор (1477-1535), кој на хартија замисли безконфлитна држава во која сите се среќни. Иако, во делот на комуникациите, Мор допушта да има еден јазик за комуникација.

Денес, во вжештен меѓуетнички амбиент и обид за изнуда на закон кој е во колизија со Уставот кој, пак, регулира што е официјален јазик во Република Македонија, проблемот со неодмереното инсиститарање на различноста го достига врвот!

Ние не ги учиме децата дека се деца, и дека треба да се дружат со сите деца!

Напротив ги тераме да прават разлика – уште од градинка и од прво одделение инситираме да сакаат Ромчиња, Турчиња, Албанчиња, Српчиња и што и да е, со што на шест-седумгодишна возраст добиваат сознание дека Хатиџе, Енис, Беса и Љубиша не се деца туку некакви си мали малцински Роми, Турци, Албанци или Срби и со самото тоа – различни.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*