Три години од првата „бомба“ на Зоран Заев

Пред точно три години, лидерот на СДСМ од партиското седиште за првпат пред јавноста ги обелодени снимките, таканаречените „бомби“. Од овој момент започна и падот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Првата снимка што јавноста ја чу, беше снимен разговор меѓу самиот Зоран Заев и новинарка од Радио Слободна Европа, потоа разговор меѓу него и ќерка му, како и познатиот разговор меѓу Јанкулоска и Ставрески.

Заев тогаш откри дека биле прислушувани над 20 илјади граѓани, меѓу кои и новинари, функционери од тогашниот состав на Владата, но и претседателот Иванов. СДСМ набргу по првата бомба, поднесе и кривична пријава против ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, против ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, како и против непознати лица во УБК.

Овие „бомби“ беа првичната причина за формирање на Специјално јавно обвинителство, односно Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, составено од обвинителката Катица Јанева и уште 12 дополнителни обвинители.

Фото Борче Поповски

Бргу потоа, СЈО започна со воспоставување надлежност врз постоечки, но и отворање на нови истражни постапки, произлезени од „бомбите“.

Првата истрага на СЈО беше „Титаник“, поврзана со изборни нерегуларности, а потоа следеа и „Тврдина“, „Таргет“, „Трезор“, „ТНТ“, „Труст“, „Топлик“, „Тарифа“…

Првите обвиненија СЈО ги поднесе во текот на 2017, а најмногу обвиненија има против поранешни функционери од врвот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа Груевски и Јанакиевски се осомничени во пет случаи, Мијалков во четири, а Јанкулоска во три.

Во тек се повеќе судски постапки за предметите на СЈО.

Во март се очекува ова обвинителство да го објави најновиот извештај од сработеното.

The post Три години од првата „бомба“ на Зоран Заев appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата