„Тодоровски Инженеринг“ прераснува во еден од најголемите продажни центри во Скопје

Во стовариштето „Тодоровски Инженеринг“ во Волково можете да најдете најквалитетни градежни материјали, бои и лакови, алати и секаков друг вид помошни средства и предмети кои му се потребни на еден мајстор или компанија.

Стовариштето е лоцирано кај поранешната фабрика за кисела вода „Скопјанка“, а освен на мало, работи и на големо. Увезува материјали од Србија и од Кина, а со свите 10 возила веќе со години снабдува вкупно 440 дуќани низ Македонија.

Тодоровски Инженеринг“ има и сопствен погон за производсвто на пластика и на гума, а исто така
има вработено вкупно 14 комерцијалисти кои двапати неделно одат низ целата држава и се грижат за навремена и точна испорака на порачаните материјали.

Сопственикот и главниот двигател на работите Живко Тодоровски вели дека само со искрена и чесна работа, но и со многу труд и истрајност може да се забележи успех. Тој се сеќава на почетоците кога во своето мало дуќанче во Волково за првпат почнал да нуди градежни материјали, материјали за водовод и канализација, но и разновиден квалитетен алат.

– Најпрво  уште во 2013 година отворив мал дуќан во Волково. Донесов една мала палета на материјали и алат, нешто што му недостигаше на овој дел од општината Ѓорче Петров. Луѓето, а посебно мајсторите и фирмите кои се занимаваат со градежништво и друг вид занатски услуги, за многу брзо време го научија местото, дуќанот, и јасно ни даваа до знаење дека нашата компанија претставува сигурно место за купување на квалитетни материјали и алат. Со истрајна и чесна работа, но и многу посветеност, фирмата растеше и сега е во форма на едно големо стовариште, би рекол, најголемо од овој вид во Ѓорче Петров. Освен што продаваме од самата локација, ние нудиме и испорака до помалите дуќани или градежни реони. Отворени сме за соработка со сите клиенти и секогаш се трудиме максимално да одговориме на нивните потреби. Знаеме дека задоволен клиент значи сигурна работа во иднина. Нудиме различни услови за соработка, а за почеток еве ги поканувам сите мајстори, мали и големи фирми да дојдат да нè посетат и да се уверат во широката палета на производи која ја нудиме. Достапни сме постојано на 078 259 337, а во работните денови сме отворени од 7 до 20 часот – вели Тодоровски.

Тој најавува дека растот нема да запре тука, туку дека уште иднава есен очекува стовариштето да прерасне т.е. да се трансформира во еден вид на голем продажен центар од затворен тип во кој ќе се донесат и нови брендови, а палетата на производи ќе се мултиплицира.

Голем дел од задоволните купувачи се свесни за вредноста да се има еден ваков голем продажен центар во нивна близина кој им штеди и време и пари.

– Вакво стовариште му недостигаше на овој дел од градот. Навистина беше проблем да најдете сè на едно место кога реновирате дома или кога одново градите куќа. На едно место одевме за материјали за водовод, а на друго за изолација или пак за градежни материјали. Сега имаме сè на едно место. Цените се сосема прифатливи и конкурентни во однос на другите стоваришта кои сум ги посетил, а тоа што најавуваат и нови производи само ќе ја зголеми атрактивноста на самото продажно место – ни изјави Зоран М. сопственик на мала занаетчиска работилница во соседното место Стопански Двор.

Менаџментот на стовариштето ги кани сите оние правни и физички лица да го посетат и да се уверат во големата пристапна понуда.  Во овој момент компанијата е единствен дилер за Македонија на 5 фабрики од Србија и реонски дилер на реномираните „Бекамент“ и „Кнауф“.

За повеќе информации посетете ја официјалната Фејсбук страница на „Тодоровски Инженеринг

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

1 Trackback / Pingback

  1. „Тодоровски Инженеринг“ прераснува во еден од најголемите продажни центри во Скопје Во служба на КАЛИМЕРО.МК http://www.kalimero.mk/todorovski-inzhenering-prerasnuva-vo-eden-od-najgolemite-prodazhni-tsentri-vo-skopje/ . – Поглед.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*