Светски патници откриваат кој е највкусниот ресторан во Скопје

Меана „Грош“ - Лептокарија

Заврши уште една успешна летна сезона, а главниот град и овојпат останува на врвот на најпосетените туристички дестинации во Македонија. Оваа информација ја потврди и Државниот завод за статистика, кој минатата недела ги објави прилично високите бројки за овогодишната посетеност на Скопје од страна на странските туристи.

Верувале или не, во изминатото тромесечје, реализирани биле вкупно 44.994 ноќевања во главниот град, а дури 40.491 од нив биле од странски посетители.

Несомнено, овие бројки говорат дека Скопје повторно го враќа својот препознатлив сјај проткаен со кралската плетка на великодушноста и гостопримливоста на скопјани, но секако, во никој случај не смее да се заборави и превкусната храна што еден странец може да ја вкуси само од македонски готвач, особено ако станува збор за традиционален рецепт.

Кога сме веќе кај храната, минатата недела имавме можност да се запознаеме со еден млад брачен пар од Литванија и да поразговараме за нивните впечатоци од градот, односно за сите оние работи кои им оставиле длабок впечаток и кои не се забораваат до крајот на животот.

За Скопје рекоа дека е симпатичен град кој крие безброј детали и фрагменти од најразлични историски периоди. Раскажаа дека ги посетиле сите најзначајни места што може еден мал град да ги понуди, но дека сепак вкусот на традиционалната македонска храна засекогаш ќе им остане во сеќавање.

Низ смеа раскажаа дека во нивниот еднонеделен престој како туристи, скоро и да не поминал ден без да пробаат ајвар, пинџур или тавче-гравче, но и дека највкусното селско месо го вкусиле во скопската меана „Грош“.

– Вашиот град може да понуди многу работи за шетање, но сепак, ако прашувате гурман како мене, тогаш најискрено ќе ви кажам дека имате највкусна храна од сите земји кои сум ги посетила. Овде сме скоро една недела и досега можеби ги вкусивме скоро сите традиционални јадења што може да ги понуди македонската кујна. Едноставно, нашиот „дом“ го почувствувавме во ресторанот „Грош“, каде што секогаш бевме пречекувани во одлична атмосфера и традиционална храна по прифатливи цени. Овде за првпат го вкусивме македонското селско месо за кое вреди да се живее. И нормално, да не ја заборавиме ракијата која многу ќе ни недостасува кога ќе се вратиме дома – вели Рута Гладитуте, туристка од Вилнус.

Ова не е првпат странски туристи да делат пофални зборови за услугата во ресторанот „Грош“, кој се наоѓа во трговскиот центар Лептокарија и кој е препознатлив бренд со претпознатлив вкус за вистинско угостителство.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*