Сведок во „Тенк“: И Бучковски го баталил стариот мерцедес во кој се возел Груевски

И четвртиот сведок на денешното рочиште за „Тенк“ кој бил вработен во одделот за обезбедување на ВИП личности при МВР сведочеше за дефекти на возилото со кое се возел поранешниот премиер Никола Груевски пред да биде купен луксузниот мерцедес.

-Возилата со кои располагаше одделот за обезбедување беа прилично стари, изамортизирани кои дури и од претходните власти беа тргнати од употреба и не ги возеа. Кога јас пристапив, возилото мерцедес ,,ЕС 500“ произведено 1993 година беше во гаражите на Владата, не беше употребувано ни од страна на претходниот премиер. Тоа го увидиме од тоа што делови од подвозието беа зарѓени. Поради тоа што немаше друго возило за користење и обезбедување на ВИП личности, интервениравме и возилото беше од старт однесено на сервисирање. Беа дијагноатицирани низа недостатоци. Имаше направено отприлика 100.000 километри. Ако јас се прашувам уште тогаш требаше да биде ставено наддвор од употреба и да биде набавено соодветно возило – рече сведокот.

И тој зборуваше дека старото возило со кое се возел Груевски често било во дефект, а посочи и конкретни ситуации.

– Враќајки се од браната Злетовица се заглави менувачот во втора бриза и не можевме да го возиме. Нашиот командир мораше да преземе мерки и да го префрлиме ВИП лицето во обично неблендирано возило. Со тоа го доведе во опасност животот на премиерот и си презема голема одговорност на себе само за безбедно да го превеземе премиерот до Скопје. Поради овие причини јас како возач на премиерот, потоа командирот Дејан Митревски Урко и останатите колеги кои имаа допир до премиерот постојано му сугериравме дека е неопходно да се набави возило со што не би се довела во прашање неговата безбедност, и не би се довела во прашање нашата одговорност. Ние како службени лица овластени и доделени од МВР имаме одговорност пред законите на РМ, господинот Груевски како претседател на Владата безбедно да го транспортирање и да го обезбедиме максимално неговиот живот – рече сведокот.

Во судница сведочеше и личноот возач на Груевски чие сведочење исто така беше во насока да се укаже дека имало потреба од набавка на ново блиндирано возило.

– Имавме проблем со гумите. Шасијата беше пукната. Моравме да ја заваруваме. Потоа откажуваа амортизерите од кои еден чини 5.000 евра. Имавме проблем со климата која постојано ни откажуваше. Сугериравме дека возилото не е за користење за да ни се најде соодветна замена. Возилото беше употребувано и покрај тие проблеми се додека не најдевме друго возило, замена. Меѓутоа и таа замена што ја земавме (блиндираното возило на МВР) исто се соочуваше со технички и механички проблеми – рече личниот возач на Груевски.

И двајцата посочија дека новиот мерцедес бил користен и за странски делегации.

The post Сведок во „Тенк“: И Бучковски го баталил стариот мерцедес во кој се возел Груевски appeared first on PLUS INFO.

Колумна на денот

Teşekkürler Recep, Спасибо Влади́мир

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

  Каква неблагодарност од наша страна! Во цунамито честитки и поздрави, пофалби, самопофалби и тапкања по рамо (во растреперено очекување Јункер да нѐ благослови и […]

Интервју на неделата