Србите добија државен празник – Св. Кирил и Методиј

Србија од оваа година ќе добие нов државен празник – Денот на Кирил и Методиј, кој ќе се слави на 24 мај, пишува „Вечерње новости“.

Со тоа, Србија ќе се приклучи на кругот на други словенски земји кои ги слават словенските просветители и мисионери и им одаваат чест, пишува белградскиот весник.

Иницијативата за воспоставување на овој национален празник, Ден на Кирил и Методиј, на 24 мај, е на Министерството за култура, а предлогот ќе биде официјално испратен до Владата од страна на Министерството за труд и вработување, кое е задолжено за ваков предлог.

Министерството за култура, исто така, истакнува дека новиот државен празник не значи и нов неработен ден, туку дека суштината е да се чествува и да се оддаде почит кон просветителите Кирил и Методиј, поради важноста на нивната мисија за сите словенски народи.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*