Шекеринска: Антидржавно е граѓанските организации да се сметаат за непријатели

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во Владата одржа конститутивна седница на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, информираат од владината прес-служба.

Таа на присутните претставници на граѓанските организации им рекла дека членовите на владата овие средби ги гледаат како начин преку кој со соработка со граѓанскиот сектор може да се помогне во остварување на владините приоритети.

– Ве гледаме како сојузник во борбата против „заробената држава“ која што не се победува на избори, туку се победува преку многу, болни, тешки, понекогаш и долги реформи – рекла Шекеринска.

Според вицепремиерката, Советот не е само средство на граѓанските организации за постигнување на поголема гласност и влијание, туку и како начин до Владата да пристигнат повеќе информации и различни мислења за силен инклузивен дијалог.

– Како Влада, во изминатиот период обезбедивме и законски и процедурални услови за подолги дијалози по сите законски пакети и покажавме дека квалитетот ни е поважен од квантитетот- додала Шекеринска, подвлекувајќи дека Владата посебно инвестира во транспарентноста и инклузивноста.

Шекеринска истакнала дека актуелната Влада се заложува да се елиминира однесувањето во кое граѓанските организации се сметаат за непријател на државата, затоа што критикуваат некого од власта, нарекувајќи го тоа однесување како антидемократско, антиевропско и антидржавно.

Во Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор има 31 член, и во него учествуваат претставници на граѓанските здруженија и организации и претставници на ресорни министерства и секретаријати.

На денешната седница, освен членовите на Советот, биле присутни и претставници на Делегацијата на Европската Унија.

Во текот на дискусијата за предлог-деловникот за работа на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор, присутните гласаа за формирање на работна група од четири члена, која до следната седница која е закажана за 9 мај, ќе ги усогласи и доработи одредбите на предложениот деловник.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата