Само една чашка алкохол, и ете…

Актерот Драган Спасов Дац се обрати до јавноста по повод неговата оставка од директорската позицијата во Македонскиот народен театар, по синоќешниот инцидент со сообраќајката во која тој повреди девојка, пишува Слободен печат.

Еве што напиша:

„До јавноста

По повод синоќешниот сообраќаен инцидент во кој бев учесник, инцидент кој што со молскавична брзина предизвика безброј малициозни наслови и коментари кои одекнаа во јавноста и социјалните мрежи, чувствувам потреба да се обратам до нашата јавност со вистинското објаснување за настанот. Вчера вечер враќајки се со мојот автомобил кон дома, кај ресторанот “Шампионче”, се случи сообраќаен инцидент во кој учество имав јас и девојка на возраст од дваесетина години. Факт е дека среќата беше на наша страна (на девојката и моја), при што девојката беше апсолутно неповредена.

Сочекавме увидна екипа на МВР на место на настанот а потоа девојката, јас и мојата сопруга, заминавме заедно до првата здравствена установа на превентивен преглед (за секој случај ) каде е утврдено дека девојката е неповредена. За нејзиниот претрпен страв и стрес немам право да зборувам. Мојата претпоставена вина е што неколку минути пред настанот имав испиено една чашка алкохол, поради што , при алко тестот на лице место, мојот наод беше позитивен.

Сакам да ја известам јавноста дека поради настанот длабоко жалам и воедно искрено и се извинувам на девојката и на нејзиното семејството (името на девојката од нормални причини го изоставувам) за претрпениот страв и стрес и дека во име на чувството на лична одговорност како човек и јавен службеник во нашата земја, свесен за личната вина, давам неотповиклива оставка на функцијата В.Д. Директор на МНТ…“

Целото обраќање на Дац може да го прочитате ТУКА.

Колумна на денот

Teşekkürler Recep, Спасибо Влади́мир

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

  Каква неблагодарност од наша страна! Во цунамито честитки и поздрави, пофалби, самопофалби и тапкања по рамо (во растреперено очекување Јункер да нѐ благослови и […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*