Салах и Ливерпул ја торпедираа Рома, но судбината на Барса виси над главата на „црвените“

Ливерпул и Рома одиграа неверојатен прв натпревар од 1/2-финалето на Лигата на Шампионите, коe „црвените“ го добија со 5:2 на „Енфилд“.

Домаќините водеа со 5:0 и уште еднаш, голема ѕвезда на тимот беше Мохамед Салах. Тој ги постигна првите два гола во судирот и така вкупниот број голови сезонава во сите натпреварувања се зголеми на 43.

Освен тоа египетскиот репрезентативец запиша и две асистенции кон Садио Мане и Роберто Фирмино кој исто така се запиша два пати во голот на „волците“.

Потоа Салах го напушти теренот и Римјаните постигнаа два гола, оставајќи интрига за реваншот. Прво Един Џеко постигна гол, а Диего Пероти беше прецизен од пенал.

Така реваншот по недела во Рим многу наликува на 1/4-финалето, каде Рома ја елиминира Барселона по поразот со 1:4 на „Камп Ноу“ и историскиот успех со 3:0 на „Олимпико“.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата