Роналдο: Реал Мадрид треба да го донесе Нејмар

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдо, кој се вбројува меѓу најдобрите во историјата, за „Марка“ изјави дека Реал Мадрид треба да се обиде да го донесе неговиот сонародник Нејмар.

Минатата година Нејмар за рекордни 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ, но повторно почнаа да се појавуваат гласини за негово незадоволство и за трансфер во друг клуб.

Меѓу клубовите кои најчесто се споменуваат е Реал Мадрид, но се говори за астрономски цифри, кои би го надминале досегашниот рекорд.

– Нејмар е врвен играч, тој можеби ќе биде најдобар во светот за неколку години, а Реал Мадрид дефинитивно има потреба од најдобрите играчи, потенцира Роналдо.

Кралскиот клуб во зимскиот преоден период не купи ниту еден играч, но поради слабите резултати сезонава веројатно на лето ќе има промени во играчкиот состав.

The post Роналдο: Реал Мадрид треба да го донесе Нејмар appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата