Реал Мадрид со пресврт се пласира во финалето (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во финалето на Светското клупско првенство откако со пресврт во второто полувреме славеа над Ал Џазира со 2-1.

Кралскиот клуб на самиот почеток на мечот почна да создава шанси, но голманот на Ал Џазира ги фрустрираше европските ѕвезди.
Пред крајот на првиот дел следуваше вистински шок, бидејќи Ромарињо постигна гол за водство на Ал Џазира од 1-0.
Во вториот дел следеше пресврт. Изедначувањето дојде брзо во 53. минута по асистенција од Модриќ, Роналдо постигнува гол за 1-1.
Во 81. минута со својот прв допир на топката откако влезе во игра, Герет Бејл постигнува погодок за конечни 2-1.
Во финалето Реал Мадрид ќе игра против Гремио, кој претходно го совлада тимот на Пачука со 1-0.

The post Реал Мадрид со пресврт се пласира во финалето (Видео) appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*