Раул Гонзалес го објави поширокиот список за ЕП Хрватска 2018

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес го објави поширокиот список од 28 ракометари за Европското Првенство што во периодот од 12 до 28 јануари ќе се игра во Хрватска.

Сениорската репрезентација на Македонија на ЕП во Хрватска се наоѓа во група со Германија, Словенија и Црна Гора, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Загреб.

Според распоредот, Македонија во првото коло на 13 јануари се среќава со Словенија, на 15 јануари противник на нашиот состав ќе биде Црна Гора, додека групната фаза ја затвораме со меч против Германија на 17 јануари.

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски, Мартин Томовски

Бекови: Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Талески, Немања Прибак, Филип Лазаров, Филип Кузмановски, Аце Јоновски, Велко Марковски, Горан Крстевски, Марко Нелоски, Мартин Велковски, Дарко Димитриевски, Марио Танкоски, Стефан Дрогришки, Мартин Манасков, Мартин Серафимов,

Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески, Мартин Поповски

Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски

 

The post Раул Гонзалес го објави поширокиот список за ЕП Хрватска 2018 appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*