Пре­ми­ер за теш­ки за­фати

Грчки­от пре­ми­ер Алек­сис Цип­рас во сво­ја­та би­ог­ра­фи­ја има мно­гу ус­песи, а по­стојат го­ле­ми шан­си ме­ѓу нив да се нај­де и еден не­воз­мо­жен пот­фат – ре­ша­ва­ње на спо­рот за име­то Ма­ке­до­нија. Не­го­ва­та сред­ба со ма­ке­дон­ски­от ко­ле­га Зо­ран За­ев ги има си­те пре­дис­по­зи­ции да ста­не ис­то­риска, до­кол­ку за­си­ле­ни­те ме­ѓу­на­род­ни на­по­ри да се ста­ви „ад акта“ овој ири­ти­рач­ки­от спор на­вис­ти­на вро­дат плод.

Ка­ко за­кол­нат ле­ви­чар Цип­рас не крие де­ка му се ту­ѓи на­ци­о­на­лис­тич­ки­те гле­диш­та за ек­склу­зив­ност врз ис­то­ри­јата. Не­го­ва­та вла­да ис­так­ну­ва де­ка е под­гот­ве­на да ја пла­ти по­ли­тич­ка­та це­на што ја но­си ре­ша­ва­ње­то на овој спор, од што си­те не­го­ви по­ли­тич­ки ри­ва­ли се­га се оби­ду­ва­ат да про­фи­ти­раат.

Ли­де­рот на Си­ри­за Алек­сис Цип­рас е пре­ми­ер на Гр­ци­ја од ја­ну­а­ри 2015 го­дина. Ро­ден е во Ати­на во 1974 го­ди­на во се­меј­ство на имот­ни Грци, при­нуд­но пре­се­ле­ни од Тур­ци­ја во Тра­кија, со ме­ѓуд­ржав­ни­от до­го­вор за раз­ме­на на на­се­ле­ни­е­то од 1923 го­дина.

Сту­ди­рал и дип­ло­ми­рал гра­деж­ниш­тво на На­ци­о­нал­ни­от тех­нич­ки уни­вер­зи­тет во Ати­на во 2000 го­дина, а зав­ршил и пост­дип­лом­ски сту­дии по ур­ба­но и ре­ги­о­нал­но пла­ни­рање. Ед­но вре­ме ра­бо­тел ка­ко ин­же­нер во гра­деж­на­та ин­дус­трија.

Ка­ко сред­нош­ко­лец ѝ се прик­лу­чил на мла­дин­ска­та ор­га­ни­за­ци­ја на Ко­му­нис­тич­ка­та пар­ти­ја на Гр­ција, а ка­ко сту­дент ста­нал дел од об­но­ве­но­то ле­во кри­ло на дви­же­њето. Во 1999 го­дина, Цип­рас е из­бран за сек­ре­тар на мла­дин­ска ор­га­ни­за­ци­ја на Си­нас­пиз­мос, а по­доц­на и во Цен­трал­ни­от ко­ми­тет на пар­ти­јата.

Во 2006 го­ди­на Цип­рас се кан­ди­ди­ра за гра­до­на­чал­ник на Ати­на од сво­ја­та пар­тија, но не по­бе­дува. Из­бран за член на Со­ве­тот на гра­дот Атина.

Во фев­ру­а­ри 2008 го­ди­на из­бран е за ли­дер на пар­ти­ја­та Си­нас­пиз­мос (дел од Си­риза), а по­тоа и за пра­те­ник во Пар­ла­мен­тот од Си­ри­за (Си­нас­пиз­мос и дру­ги­те пар­тии на ле­ви­те ор­га­ни­за­ции) и ја пред­во­ди пар­ла­мен­тар­на­та гру­па на пар­ти­јата.

Во ја­ну­а­ри 2015 година Цип­рас ја пред­во­де­ше Си­ри­за во по­бе­да на пар­ла­мен­тар­ни­те из­бо­ри на кои ос­вои 149 од 300 пра­те­нич­ки места, а во ко­а­ли­ци­ја со дес­ни­чар­ска­та Не­за­вис­ни Гр­ци ус­пеа да фор­ми­ра влада. Се­га ток­му оваа ко­а­ли­ци­ја му стои ка­ко Де­мок­лов мач, заш­то оваа пар­ти­ја се за­ка­ну­ва де­ка ќе ја обо­ри не­го­ва­та вла­да до­кол­ку ре­ше­ни­е­то за име­то и би­де неп­ри­фат­ливо.

Це­ли­от ман­дат на Цип­рас ка­ко пре­ми­ер по­ми­на во зна­кот на теш­ки пре­го­во­ри со ЕУ и со свет­ски­те мо­не­тар­ни инс­ти­ту­ции за из­вле­ку­ва­ње на зем­ја­та од долж­нич­ка­та криза. Бе­ше при­ну­ден да спро­ве­ду­ва бол­ни ре­фор­ми и бу­џет­ски кра­тења, што му ја на­ма­ли по­пу­лар­носта. Се­пак, Цип­рас не под­легна на по­пу­лиз­мот и на­ја­ву­ва де­ка не­ма так­ва на­ме­ра ни­ту во пог­лед на спо­рот со Ма­ке­до­нија.

Текстот е објавен во Слободен печат.

Колумна на денот

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*