Почна пресот на Шилегов и Каминис, градоначалникот на Скопје доби аплауз

Денеска во грчката престолнина започна заедничката прес-конференција на градоначалниците на Скопје и Атина, Петре Шилегов и Јоргос Каминис.

Градоначалникот на Скопје најпрво на присутните им се обрати на грчки јазик, по што доби силен аплауз на отворената сцена. Натаму, обраќањето продолжи на англиски јазик.

На оваа прес-конференција ќе се зборува за отворените прашања помеѓу двете соседни држави и важноста на нивното брзо решавање.

Претходно, двајцата градоначалници повикаа на зближување, со цел полесно да се надминат сите проблеми.

На почетокот на средбата Каминис и Шилегов проговорија за локалните избори во нашата земја, на кои скопскиот градоначалник нагласи дека беше избран уште во првиот круг, меѓу осум кандидати, и дека тоа за него претставува уште поголема обврска.

Атинскиот градоначалник рече дека тоа навистина е голема одговорност, но и дека има доволно време да ги направи ветените работи.

The post Почна пресот на Шилегов и Каминис, градоначалникот на Скопје доби аплауз appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата