Пекара „Перек“ – ново скопско катче за солени и слатки задоволства

„Не сме ние евтини, туку другите се скапи“, ќе ви кажат на шега во „Перек“, новата модерна пекарница за бели печива и слатки, сместена во срцето на Скопје, во т.ц. „Мавровка“.

Од неодамна, ова е местото каде што секој може да најде нешто за свој вкус, по извонредно поволни цени. Студентите од блискиот комплекс факултети при УКИМ засега се најверните муштерии на пекарницата, и како што велат, учење на празен стомак не оди, а гладот најубаво се топи со вкусните специјалитети на „Перек“.

„Испитите не можат да се положат без учење“, ќе ви каже секој што студирал. Добро, речиси секој. Шегата на страна, но ако за нешто сите се согласни, тоа е фактот што ниту еден студент не успеал да положи испит со макотрпно учење, но со празен стомак. Па така, доаѓаме до заклучокот дека освен професорите, коишто ја имаат честа да им вдахнуваат знаење на новите генерации, клучната работа за успехот на студентите го имаат и бурек-мајсторите, пица-мајсторите и сите останати вработени во организацијата наречена – пекара.

Ова многу добро го разбираат студентите од комплексот факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кои секојдневно ги полнат своите стомаци со првокласните и превкусни јадења од пекара „Перек“, стационирана веднаш преку улица, спроти главниот влез на кампусот, во трговскиот центар Мавровка.

Отворена е неодамна, но како што и самите студенти тврдат, „Перек“ веќе ги освои со најдобрите работи кои не можат да се најдат на друго место. Тоа нивно тврдење дополнително се засилува со тоа што не постои дел од денот кога пред пекарата не е создадена долга редица гладни усти кои буквално нетрпеливо тапкаат во место додека го чекаат својот ред и додека нивните очи се насладуваат со убавината на свежо испечените пецива, буреци и благи специјалитети, што се нудат по многу поволни цени.

„Не сме ние евтини, туку останатите пекари се скапи. Ние сме тука за студентите, вработените во трговскиот центар ‘Мавровка’ и околината, како и за сите останати минувачи, но и сите тие се тука за нас. Убаво е кога постои среќа и задоволство во работата. Прилично сме нови на пазарот, но искрено се надеваме дека за кратко време ќе пораснеме во вистински бренд“, вели една од вработените во „Перек“.

Дека има вистина во нејзините зборови, потврдија и самите купувачи.

„Секојдневно навраќам во пекарава, бидејќи храната е превкусна и со прифатливи цени. А кога сте веќе тука, послушајте ме и вкусете го бурекот со павлака, кашкавал и шунка. Тоа ми е омилено јадење и сметам дека во градов не постои друго место каде што се подготвува повкусен бурек. За десерт, пак, пробајте ги слатките мафини или палачинки. Само така ќе разберете што ви зборувам“, вели Филип Милески, студент на УКИМ и редовен муштерија во пекарата „Перек“.

Истото ни го потврдија и останатите луѓе од редицата.

„Јас обично купувам триаголник наполнет со печурки, кашкавал и павлака, а исто така не минува ден без да вкусам француска палачинка. Пекарата е една од најдобрите работи што му се случиле на главниот град во последно време“, вели Магдалена Ивановска, средовечна жена од Скопје.

Па така, ако токму денеска не знаевте што да си земете за појадок, тогаш воопшто не треба да трошите време за размислување, туку веднаш упатете се до „Перек“ и направете си го утрото повкусно. Затоа што, нели, денот по утрото се познава.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*