Панатинаикос исфрлен од Европа следните три години

Атински Панатинаикос нема да може да настапува во европските натпреварувања следните три години, соопшти Европскатта фудбалска унија(UEFA).

ПАО е суспендиран поради долгови кон играчите, кои порано овој месец штрајкуваа затоа што не им се исплатени заработките уште од минатата година.

Дваесеткратниот шампион на Грција доби опомена од UEFA во декември, со обврска до 1 март да ги регулираат долговите, но тој не успеа во тоа.

Исто така, најстариот тамошен клуб е казнет и од страна на лигата со одземање три бода поради долг кон поранешниот дефанзивец Јенс Вемер, за што сега ќе мора да платат 100.000 евра казна.

Колумна на денот

Интервју на неделата