• За рокенрол се потребни рокери
  • Даниел Китески е првиот Македонец кој го искачи „Кардунг Ла“ во Индија
  • Пародија од отворањето на Филхармонија
  • Најпознатите реплики од македонските филмови
  • Никогаш стар за старки

Екскурзии за учениците, проблеми за родителите

Скапите училишни екскурзии и разликите во цените за исти екскурзии од едно до друго училиште се само дел од проблемите со кои се соочуваат родителите посочувајќи ги училишните директори како најодговорни за таквата состојба, пишува Нова Македонија. Директорите, пак, категорично ги отфрлуваат овие тврдења, објаснувајќи дека тие целосно се изземени од процесот на одлучувањето за екскурзиите и се повикуваат на правилникот за организирање екскурзии подготвен од страна на Министерството за…

Read More >>

Уставните судии ќе одат во затвор ако ги продолжат мандатите

Уставниот суд нема ингеренции да интервенира, ниту да толкува членови во Законот за локална самоуправа за продолжување на градоначалничките и советничките мандати. Ова го тврдат експертите по уставно право, откако деновиве беа доставени две иницијативи до судскиот орган, преку кои се бара укинување два члена од овој закон, а со тоа би им се овозможило на актуелните локални функционери да останат во фотелјите до распишувањето нови избори, пишува Слободен печат….

Read More >>

Академија Пандев од општинска до Прва лига

Академија Пандев е новиот прволигаш по триумфот на гости над Тиквеш од 3-1. На пет кола до крајот од шампионатот во Втората лига струмичкиот клуб има 12 бода повеќе од второпласираното Скопје, што значи дека не може да биде послабо пласиран од второто место што води во Првата лига, пишува Нова Македонија. Академија Пандев е формирана во 2010 година и, како што кажува името, почнува со работа со најмладите категории…

Read More >>

Глупавите возачи не го користат паметниот паркинг

Барањето празен паркинг секогаш претставува фрустрација за возачите, оти и на легална паркирна површина најчесто треба да вртите неколку круга со возилото и да загубите драгоцено време, за конечно да се паркирате. А ова никако не оди заедно со темпираното време на возачите во главниот град, кои секогаш негде брзаат.Токму затоа во сите европски метрополи, според системот на таканаречените паметни паркинзи, возачите можат однапред да добијат информација дали паркингот што…

Read More >>

„Големиот брат“ е решение за спортот?

Дајте видеотехнологија. Тоа последниве месеци, па и неколку години, сѐ почесто се слуша како барање од спортисти од повеќе спортови. Секако, тоа се засили особено по големиот број судиски грешки, па и на највисоко натпреварувачко ниво. „Нова Македонија“ спроведе мини-анкета со тренери и со спортисти од трите најголеми екипни спорта, ракометот, фудбалот и кошарката, за тоа што треба да се направи за во нивните спортови да се намалат судиските влијанија…

Read More >>

Шпигел: ЕУ планира санкции против Македонија

Во ЕУ се разговара за забрана за патување и блокада на сметки на водечките македонски политичари. Германски Шпигел јавува дека Меркел го предупредила Груевски да престане со блокадата, пишува ДВ. Земјите-членки на ЕУ започнаа со конкретни дискусии околу санкции против Македонија, објавува германскиот магазин Шпигел. „Иако во Европската служба за надворешна политика сѐ уште јавно не се дискутирало за тоа, на крајот веројатно ќе се одлучат за санкции, изјави еден…

Read More >>

Македонија се збогува од Европа

Неуспехот на обидите за демократизација во Македонија има и регионални последици. Доколку Западот се повлече од својот ангажман, тоа ќе им сигнализира и на соседите дека ЕУ-перспективата е уште подалечна, пишува Стандард „Бројни дипломати со недели бараат решение за пат-позицијата во Македонија. Но, национал-конзервативната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ со помош на својот вазал Ѓорге Иванов, цврсто се држи до власта- спротивно на демократските правила и европските вредности. Европската народна партија одамна…

Read More >>

Научниците пронајдоа лек за деменција

Научниците се надеваат дека откриле лек кој ги запира сите невродегенеративни мозочни болести, вклучувајќи деменција која претставува постепено губење на менталните способности, што резултира со губење на меморијата, промена во однесувањето, односно губење на социјалните способности. Нивното истражување покажало дека антидепресивните и антиканцерогените соединенија го нормализираат производството на протеини во мозокот на лабораториските глувци. Со тоа може да се спречи штетата која ја предизвикуваат Алцхајмеровата болест и деменцијата, пишува Утрински….

Read More >>

Првиот македонски војник ги памети првите денови пред 25 години

Велес – На 13 април 1992 година, нешто по 15 часот во касарната во Охрид стигна првиот македонски регрут. Велешанецот Панче Јамандиев, кој заминал во војска на 21-годишна возраст, денес, 25 години подоцна ретко зборува за моментот кога застана во македонскиот строј, пишува Утрински. „Не знам зошто, но во последниве години почна да се пишува дека првиот македонски војник стигнал во касарна на 15 април. Тоа не е точно, беше…

Read More >>

Албанските општини се мачат со македонскиот јазик

„Сајтот е во изградба. Ве молиме посетете не’ подоцна“. Ова е пораката што ќе ги дочека посетителите на македонската верзија на интернет-страницата на скопската Општина Чаир (www.cair.gov.mk). И тоа е состојба што трае со години, бидејќи „градежните работи“ никако да завршат. Затоа, пак, во општината каде што живеат над 65.000 жители од различни вери и националности, совршено добро функционира верзијата на албански јазик, па гостите можат да се информираат за…

Read More >>
Close
Please support the site
Ве очекуваме на Фејсбук