Од бугарското „Анима Мунди“ остана само пепел

Канцеларијата на Окружниот обвинител во Варна, Бугарија, го испитува пожарот што се случи во одгледувалиштето на невладината организација „Надеж за животните”, објави државното јавно обвинителство.
Како што пренесоа бугарските медиуми, несреќата се случила на 21-ви февруари околу 22 часот, а во просторијата живи изгореле неколку животни.

На официјалниот профил на Фејсбук од невладината организација велат дека неколку кучиња изгореле живи кога огнот ја зафатил нивната куќичка, а велат дека две други кучиња се изгорени до непрепознатливост, но дека се борат за својот живот на клиника.

„Мечо и Беки се ѕвезди. Загинаа во агонија додека се обидувале да се сокријат во својата куќичка и да се заштитат од пожарот. Но, за жал, изгореле живи заедно со куќичката. Џек и Џејмисон се изгорени до непрепознатливост, но се борат за живот во клиника. На силни аналгетици и седативи се, па ако преживеат и двајцата ќе имаат тешки оштетувања, едниот најверојатно, ќе остане слеп. Имаме потреба од помош за расчистување на урнатините и секаква друга помош, поврзана со обновување на објектот – куќички, огради, мрежи. Се обидуваме да бидеме силни заради оние кои преживеаја и уште се обидуваат да излезат од шокот“, напишаа активистите.

Од здружението тврдат дека има осомничен, кој со месеци извршувал физички и психички малтретирања над вработените во организацијата и против кој има поднесени повеќе од 10 жалби во полиција и обвинителство.

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*