Обезбедувањето во „Тенк“: Груевски се возел во автомобил со откочени сопирачки, закочен прозорец…

Автомобилот со кој се возел Никола Груевски додека бил премиер често имал проблеми, имало ситуации кога се откочиле сопорачките, прозорецот не се затворал итн. Често се случувало поранешниот премиер, поради дефекти, да не може да стигне на одредено место според протоколот.

Ова е дел од она што го раскажа Љупчо Цековски првиот сведок на денешното рочиште во случајот „Тенк“ кој од 2008 до 2015 година работел во одделот на претходница на премиерот, а од 2015 до 2017 бил лично обезбедување на Груевски. Покрај него одбраната денеска има уште 10 други сведоци.

– Имаше една ситуација, го чекавме претседателот на Владата да се симне од дома и да одиме во Влада бидејќи имаше некоја средба. Во моментот кога се симна, возачот сакаше да го стартува возилото, но не сакаше да запали. Потоа го однесовме со неблендирано возило кое не е по протокол и со кое не треба да се превезува премиерот- раскажа членот на обезбедувањето.

Шестата управа која е надлежна за обезбедувањето имала четири или пет блиндирани возила – едно за претседателот на држава, еден за Собрание, за Влада, за министер за внатрешни работи и едно стоело за странски гости.

-Кога имаше дефект и по месец дена чекавме за набавка на резервен дел.Тогаш главно позајмувавме возило од МВР, и од кажување на колегите кои управуваа со него и тоа било во релативно лоша состојба – рече Цековски.

Мерцедесот кој потоа бил набавен, го користеле и сите странски делегации.

The post Обезбедувањето во „Тенк“: Груевски се возел во автомобил со откочени сопирачки, закочен прозорец… appeared first on PLUS INFO.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата