Ни је вотка ракија!

Мартин Бо­га­ти­носки

Пе­јач­ка­та Вик­то­ри­ја Лоба, ко­ја е ро­де­на во Ру­сија, а по­ве­ќе од 15 го­ди­ни жи­вее во Ма­ке­до­нија, се на­о­ѓа на са­мо еден че­кор да ста­не држав­ја­нин на зем­јава. Неј­зи­но­то ба­ра­ње за ма­ке­дон­ско држав­јан­ство би­ло пра­те­но до Ми­нис­тер­ство­то за внат­реш­ни ра­боти, а во пе­то­кот ис­то­то тоа ба­ра­ње би­ло раз­гле­ду­ва­но и на сед­ни­ца во Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија.

Име­то и пре­зи­ме­то на пе­јач­ка­та се нај­доа на днев­ни­от ред на 51-та вла­ди­на сед­ница, а Вик­то­ри­ја ве­ли де­ка та­ка на­ло­жу­ва­ла про­це­ду­ра­та и де­ка тоа би­ло со­се­ма нор­мално. Ис­то­то го пот­врди и вла­ди­ни­от порт­па­рол Ми­ле Бош­ња­ков­ски, кој тврди де­ка се­кое ба­ра­ње за држав­јан­ство мо­ра пре­ку ре­дов­на про­це­ду­ра да по­ми­не на сед­ни­ца во Вла­да­та и ка­ко што об­јас­нува, во слу­ча­јот со Ло­ба не­ма ниш­то спорно, ту­ку ста­ну­ва збор ис­клу­чи­во за нор­мал­на по­ста­пка за до­би­ва­ње ма­ке­дон­ско држав­јан­ство. Тој от­кри де­ка Ло­ба сво­е­то ба­ра­ње го под­не­ла врз ос­но­ва на тоа што по­ве­ќе од осум го­ди­ни има­ла неп­ре­ки­нат при­ја­вен за­кон­ски прес­тој во зем­јава.

Искре­ни на­мери

Сфа­тив де­ка сум до­вол­но соз­ре­а­на за да би­дам ма­ке­дон­ски гра­ѓа­нин, па и са­ми­те го­ди­ни ве­ќе си ка­жаа де­ка ќе ос­та­нам ту­ка за­се­ко­гаш, ве­ли пе­јач­ка­та Вик­то­ри­ја Лоба.

– Сме­там де­ка ми сле­ду­ва та­ков ста­тус и го­ле­ма чест ми е што ко­неч­но сум Ма­ке­донка. Во јав­нос­та кру­жат се­как­ви шпе­ку­ла­ции и оз­бо­ру­ва­ња око­лу мо­е­то ба­ра­ње за ма­ке­дон­ско држав­јан­ство, па ду­ри ка­ко при­чи­на се спом­ну­ва и евен­ту­ал­но­то учес­тво на Ев­ро­ви­зија, но јас си­гур­но тврдам де­ка не­ма ниш­то так­во и де­ка мо­и­те на­ме­ри се ис­кре­ни – ве­ли Лоба.

Во пе­то­кот Вла­да­та ја од­ржа 51-та сед­ница, на ко­ја прва точ­ка на днев­ни­от ред бе­ше ба­ра­ње­то на Ло­ба да до­бие ма­ке­дон­ско држав­јан­ство. Мла­да­та пе­јачка, ко­ја е ро­де­на во Ру­сија, ве­ќе пет­на­е­се­ти­на го­ди­ни жи­вее и тво­ри во Ма­ке­до­ни­ја и дол­го вре­ме е при­сут­на на му­зич­ка­та ес­трада.

Ка­ко што пот­врди­ја од Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија, пе­јач­ка­та сво­е­то ба­ра­ње за држав­јан­ство го под­не­ла до Ми­нис­тер­ство­то за внат­реш­ни ра­боти, оти ка­ко што ве­лат, ги ис­пол­ну­ва ус­ло­ви­те од член 7 од За­ко­нот за држав­јан­ство.

Држав­јан­ство на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја со при­ро­ду­ва­ње мо­же да се стек­не стра­нец кој лич­но под­нел ба­ра­ње за при­ем во држав­јан­ство на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија, ако има на­пол­не­то 18 го­дини, ако до под­не­су­ва­ње­то на ба­ра­ње­то за­кон­ски и по­стоја­но жи­вее на те­ри­то­ри­ја­та на држа­ва­та нај­мал­ку осум го­дини“, на­ве­де­но е во За­ко­нот за држав­јан­ство.

Ва­ков сли­чен слу­чај со од­лу­чу­ва­ње за држав­јан­ство на вла­ди­на сед­ни­ца има­ше и пред не­кол­ку ме­се­ци ко­га се од­лу­чу­ва­ше за из­да­ва­ње држав­јан­ство за срп­ски­от држав­ја­нин и по­ра­не­шен ди­рек­тор на ЕПС Алек­сан­дар Обра­до­виќ. Тој бе­ше сме­нет од ди­рек­тор­ска­та по­зи­ци­ја во сво­ја­та земја, но во сог­лас­ност со ма­ке­дон­ска­та Влада, по­ра­ди по­се­бен при­до­нес за држа­ва­та тој до­би ма­ке­дон­ско држав­јан­ство. По­тоа, и пок­рај првич­но­то не­ги­рање, тој во ав­густ ми­на­та­та го­ди­на се­пак ста­на дел од ти­мот на ЕЛЕМ.

Во из­ми­на­ти­те го­ди­ни ма­ке­дон­ски држав­јан­ства до­би­ја стран­ски ко­шар­кари, фуд­ба­лери, ра­ко­ме­тари, бо­рачи, а нај­го­ле­ма пра­ши­на се кре­на пред не­кол­ку го­ди­ни ко­га Вла­да­та на Ни­ко­ла Гру­ев­ски од­лу­чи да им до­де­ли ма­ке­дон­ски држав­јан­ства на чле­но­ви­те од се­меј­ство­то на кон­тро­вер­з­ни­от биз­нисмен Суб­ра­та Рој.

Не­ма ниш­то спорно

Вик­то­ри­ја Ло­ба под­не­се ба­ра­ње за држав­јан­ство и пре­ку ре­дов­на про­це­ду­ра тоа ба­ра­ње тре­ба да по­ми­не на вла­ди­на сед­ница, ве­ли Ми­ле Бош­ња­ков­ски, порт­па­рол на Вла­да­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија.

– Ако ги про­ве­ри­те прет­ход­ни­те сед­ници, то­гаш ќе за­бе­ле­жи­те де­ка мно­гу лу­ѓе под­не­су­ва­ат так­ви ба­рања, но се­га вни­ма­ни­е­то во јав­нос­та бе­ше свр­те­но кон име­то на Лоба, би­деј­ќи таа е поз­на­та пе­јачка. Ту­ка не­ма ниш­то спор­но и не­ма ниш­то вон­редно, ту­ку ста­ну­ва збор ис­клу­чи­во за ре­дов­на по­ста­пка за до­би­ва­ње ма­ке­дон­ско држав­јан­ство, слич­но ка­ко да под­не­су­ва­те ба­ра­ње за кре­дит во бан­ка или ли­зинг за нов ав­то­мо­бил. Ко­га ста­ну­ва збор за неј­зи­ни­от слу­чај, Ло­ба сво­е­то ба­ра­ње го под­не­ла за­тоа што по­ве­ќе од осум го­ди­ни има неп­ре­ки­нат при­ја­вен за­кон­ски прес­тој во зем­ја­ва – об­јас­ну­ва Бош­ња­ков­ски.

Тој об­јас­ну­ва де­ка си­те ба­ра­ња за држав­јан­ство се под­не­су­ва­ат во Ми­нис­тер­ство­то за внат­реш­ни ра­боти, а по­тоа МВР ини­ци­ра ре­дов­на по­ста­пка врз ос­но­ва на за­кон­ски­от ос­нов. Ка­ко што вели, по­стојат не­кол­ку на­чи­ни за да се до­бие ма­ке­дон­ско држав­јан­ство, а ги спом­на и ин­вес­ти­то­рите, од­нос­но стран­ски­те држав­ја­ни што вло­жу­ва­ат по­ве­ќе од 400.000 ев­ра во Ма­ке­до­ни­ја и кои има­ат мож­ност да до­би­јат држав­јан­ство.

– Про­це­ду­ра­та е на­вис­ти­на долга. Тре­ба да се по­ба­ра мис­ле­ње од Ми­нис­тер­ство­то за фи­нан­сии, па ба­ра­ње­то пов­тор­но да по­ми­не на ре­дов­на по­ста­пка пре­ку вла­ди­ни ко­ми­сии ка­де што се про­ве­ру­ва це­ла­та до­ку­мен­та­ција, а ко­га ќе зав­ршат тие ра­боти, си­те мис­ле­ња за­ми­ну­ва­ат на раз­гле­ду­ва­ње во Вла­да­та и та­му се но­си фи­нал­на­та од­лука. Про­це­ду­ра­та е ис­та от­ка­ко по­стои Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија, а Вик­то­ри­ја Ло­ба не е ни­ту прва ни­ту по­след­на што под­не­ла ба­ра­ње за држав­јан­ство – ве­ли Бош­ња­ков­ски.

Спо­ред него, си­те под­не­се­ни ба­ра­ња се прег­ле­ду­ва­ат до нај­сит­ни де­та­ли и ка­ко што вели, не по­стои мож­ност за зло­у­пот­реба.

– Тре­ба да се про­ве­ри да­ли прет­ход­на­та вла­да на ВМРО-ДПМ­НЕ го зло­у­пот­ре­бу­ва­ла За­ко­нот за држав­јан­ство, но от­ка­ко ра­бо­ти се­гаш­на­та ак­ту­ел­на власт, јас со си­гур­ност тврдам де­ка си­те под­не­се­ни ба­ра­ња се прег­ле­да­ни до нај­сит­ни де­та­ли и де­ка не по­стојат спор­ни мо­мен­ти – ве­ли Бош­ња­ков­ски.

Поз­на­ти странци со ма­ке­дон­ско држав­јан­ство

Ма­ке­дон­ско држав­јан­ство се стек­ну­ва со по­текло, ра­ѓа­ње на те­ри­то­ри­ја­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­нија, при­ро­ду­ва­ње и ме­ѓу­на­род­ни до­го­вори, на­ве­де­но е во За­ко­нот за држав­јан­ство. Та­му е пред­ви­де­но де­ка стран­ски држав­ја­ни мо­жат да до­би­јат ма­ке­дон­ско држав­јан­ство ако ги ис­пол­ну­ва­ат и кри­те­ри­у­ми­те за осо­бен на­у­чен, еко­ном­ски, кул­ту­рен, спорт­ски или друг на­ци­о­на­лен ин­те­рес за стек­ну­ва­ње на држав­јан­ство. Ме­ѓу нај­поз­на­ти­те лич­нос­ти кои се стек­на­ле со ма­ке­дон­ско држав­јан­ство се Ли­но Чер­вар, Не­ма­ња При­бак, Лес­тер Бо Ме­кеј­леб, Сте­ви­ца Рис­тиќ, Аги­нал­до Бра­га од спорт­ски ин­те­рес, Сер­геј Са­м­со­нен­ко од еко­ном­ски ин­те­рес, Ра­де Шер­бе­џи­ја од кул­ту­рен ин­те­рес и мно­гу други.

Текстот е објавен во Слободен печат.

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*