Не пропуштајте! Предновогодишно мени во меана „Грош“

Меана „Грош“ - Лептокарија

Се ближат новогодишните празници, но сè уште е рано да се размислува на прашањето каде и како ќе ја прославите новогодишната ноќ. Од друга страна, пак, одлично време е да размислите и да одлучите како најдобро и најбоемски да ја поминете предновогодишната атмосфера…. на пример, да се обидете да сфатите во која кафана би се чувствувале најудобно, најнајадено, најнапиено и најзадоволно.

Ако ви тера умот кон тој правец, тогаш дефинитивно треба да бидете гостин во меана „Грош“. Фино и топло местенце во Т.Ц. Лептокарија, кое нуди веселби со жива музика, вкусни специјалитети и најважното: прекрасни спомени.

По тој повод, како добри домаќини и угостители кои знаат како најдобро да си ја вршат работата и како најпријателски да се однесуваат кон своите гости, меана „Грош“ реши на своите муштерии да им понуди нешто посебно. Станува збор за предновогодишно мени во износ од 750 денари, а кое во себе содржи неограничено пиење, проследено со превкусна шарска плескавица и свинско каре во сос.

За повеќе информации кликнете на официјалната фејсбук страница на „Грош“, а ако се решите да ја посетите, тогаш најдобро би било да ја резервирате својата маса.

До следното читање, а во продолжение, ви го приложуваме предновогодишното мени!

 

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*