Не и пречи што е постар од нејзините родители: 17 годишна тинејџерка го остави своето момче врсник поради разведен татко на три деца

Авалон Гарви од Бредфорд имала само 17 години кога во 2016 година одлучила да го остави своето момче врсник, со кое била три години во врска.

Имала само една цел, да пронајде постар маж. Таа уште тогаш го обожавала сексот, а со 17 годишно момче очигледно не можела да добие она што го сака.

Меѓутоа, тогаш не ни сонувала дека ќе се врзе со маж кој е постар од нејзиниот татко. Неговото име е Даг Тејзер, денес има 44 години, доаѓа од Сан Франциско и има три деца. Иако разликата во години меѓу нив е огромна, Авалон вели дека многу брзо се „кликнале“.

Даг, ИТ експерт од Америка, не ги сокривал своите години. Ја запознал Аволон на еден форум.

-Веднаш во втората порака предупреди за своите години и на фактот дека има деца. Значи, знаев за неговите години и на самиот почеток мислев дека ова нема да оди понатаму од интернет пријателство. И тој и јас баравме некакво бегство од реалноста, ја започнува Авалон денес својата приказна за британски „Сан“.

Но, од пријателството на крајот немало ништо.

-Што да кажам… Се пронајдовме и две потоа никогаш не сме биле посреќни.

После неколку месеци допишување, Даг одлучил прв да повлече потег. Седнал во авион и пристигнал во Лидс, каде што го пречекала 17 годишната Аволон.

-Беше тоа љубов на прв поглед. Знаев дека го сакам тој човек првиот пат кога го видов, вели таа.

На првиот сексуален однос не чекале многу долго.

-Имав 17 години тогаш. Значи, се беше легално. И секако дека ми се допадна. Малку екстравагандно, но тоа и двајцата го сакаме. Даг добро знае што треба да прави…, вели Аволон која својот љубен 44 годишен маж го гледа на месечна база. Понекогаш тој доаѓа во Англија, некогаш таа оди во Калифорнија.

А што на се тоа кажува нејзината мајка? Наводно е воодушевена од Даг, дури имала можност и да ги запознае неговите деца од неговите два претходни брака. Децата имаат 24,22 и 12 години…

-На почетокот имало многу осудувања од страна на моите колеги. Не им сокривав ништо, веднаш им кажав кој е и што е Даг.

Авалон тврди дека се се свртело кога го повикала Даг на излегување со пријателките.

-Не беше ниту малку чудно. Напротив, беше забавно…

Авалон вели дека неретко Даг го заменуваат со нејзиниот татко, но вели дека за тоа баш и е гајле.

-Тој е љубовта на мојот живот и гајле ми е што луѓето мислат за тоа. Тоа е мој живот и никој во него нема да се меша. Кога ќе видам како луѓето гледаат во нас, намерно го гушкам Даг…

Слично размислување има и многу поискусниот Даг.

-Сакаме цел свет да знае дека сме среќни!

Колумна на денот

МПЦ-Вооружена

Поповите од МПЦ-ОА се заканија дека ќе земат оружје в раце и дека со насилство ќе го бранат името на државата. Ете, драги мои, што […]

Интервју на неделата