Најсилен турнир досега во Македонија

Брзорастечката снукер заедница во Македонија претстојниов викенд ќе има можност да присуствува на убедливо најинтересниот турнир досега одржан во Македонија, насловен како „Скопје опен 2017“, кој ќе се игра според сите светски стандарди за овој вид натпреварувања.

По неодамнешниот повик за пријавување, организаторите од „Гран Клуб“ имаат чест да соопштат дека сите 32 места беа пополнети екстремно брзо, при што беше покажана огромна заинтересираност од најдобрите снукер-играчи во регионот. Една половина од учесниците се од Македонија, предводени од државниот шампион Павле Данилов. Најсилниот предизвик се очекува од гостите од Бугарија, кои ќе бидат вкупно седум, а меѓу нив се Братислав Крстев, единствен лиценциран тренер за едукација на снукер-тренери од страна на Европската билијард и снукер асоцијација (ЕБСА), како и Теодор Чомовски, исклучително напреден и со високи резултати во јуниорска категорија, кој има македонско потекло. Листата е заокружена со три учесници од Србија и пет учесници од Албанија, предводени од Огерт Шкрепа, претседател на Албанската снукер федерација.

Елиминациите во првите три кола се играат во две добиени партии, додека полуфиналето и финалето се играат во три добиени партии. Големото финале е закажано в недела со почеток од 21 часот, по што ќе бидат доделени медали, пехари и признанија за најдобрите.

The post Најсилен турнир досега во Македонија appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*