МПЦ = Монти Пајтон Циркус!

Велат дека кловновите се најтажните луѓе на светот. Нив никој не ги зема сериозно, дури и кога се мртви-озбилни. Професионалните забавувачи, во својата секојдневна комуникација, налик на легендарната монтипајтоновска фраза (And now, something completely different!) приморани се постојано, на почетокот од секое свое обраќање да нагласуваат дека тоа што го кажуваат, не е некаква вообичаена за нив алегорија!

Од сличен идентитетски синдром, се чини патат и владиците на МПЦ. Минатиот Ноември, тие испратија писмо до БПЦ со три барања, меѓутоа освен изрази на куртоазна емпатија, во реалноста ниедно од нивните барања не беше сериозно разгледано и земено предвид. Со други зборови, ниту БПЦ прифати да им биде мајка, ниту ги призна за сестринска автокефална црква, ниту пак прифати да сослужува со нив!

Отпрвин, не можејќи веднаш да се соочат со реалноста дека нивните барања беа оквалификувани небаре како да станува збор за некоја невкусна шега, тие триумфално ја уверуваа јавноста дека остварувањето на нивната замисла е прашање на формалност што ќе се реализира во многу краток период од месец-два!

Но, сега, на истекот од четвртиот месец од испраќањето на нивното прво писмо, изгледа дека сомнежот во успешноста на нивниот потфат и нервозата го сториле своето, па нашиве тажни кловнови решиле да испратат уште едно писмо, за да нагласат дека всушност бараат нешто сосема различно и невообичаено за нив, и да замолат, ете, ако баш не е можно да им бидат уважени трите, барем едно од барањата да им биде удоволено, како да е основано и сериозно!

За жал, агонијата на овие луѓе би била само просечна гротеска, ако поради нивната непоправлива незрелост милиони христијани од Македонија не беа се’ уште попречени да ја остварат својата вера како членови на Соборната Црква и на Телото Христово.

Преземено од Соборно православие

Колумна на денот

Тоа е добротворност обвиткана со достоинство, мое дете

Една жена го праша старецот: „Колку ги продаваш јајцата?” Стариот продавач ѝ одговорил: „6 денари јајце, госпоѓо“. Таа му рече: „Ќе земам 6 јајца за […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*