„Ме­та­лурзите“ до­ми­ни­раа со Ди­намо

Во по­след­на­та сред­ба од оваа го­дина, „ме­та­лурзите“ ја ос­тва­ри­ја чет­врта­та по­бе­да во СЕХА, што бе­ше оче­ку­ва­на раз­врска би­деј­ќи Ди­на­мо е убед­ли­во нај­сла­ба­та еки­па во нат­пре­ва­ру­ва­њето.

 

Еки­па­та на Ме­та­лург не­ма­ше го­ле­ми проб­ле­ми во ду­е­лот со Ди­на­мо од Пан­чево, одиг­ран во рам­ки на ре­ги­о­нал­на­та СЕ­ХА лига, сов­ла­ду­вај­ќи го про­тив­ни­кот со убед­ли­ви 33-25.

Во по­след­на­та сред­ба од оваа го­дина, „ме­та­лурзите“ ја ос­тва­ри­ја чет­врта­та по­бе­да во СЕХА, што бе­ше оче­ку­ва­на раз­врска би­деј­ќи Ди­на­мо е убед­ли­во нај­сла­ба­та еки­па во нат­пре­ва­ру­ва­њето.

Пра­ша­ње­то на по­бед­ни­кот бе­ше ре­ше­но за са­мо де­се­ти­на ми­ну­ти игра, кол­ку што му бе­ше пот­реб­но на ма­ке­дон­ски­от ви­це­шам­пи­он за да по­ве­де со 7-3, па по­тоа до кра­јот на по­лув­ре­ме­то да ја зго­ле­му­ва оваа пред­ност. Два­та ти­ма ин­сис­ти­раа на бр­за игра, во неа по­доб­ро се снај­доа „ме­та­лурзите“, па та­ка ма­ке­дон­ски­от прет­став­ник на од­мор за­ми­на со убед­ли­ви 22-13 иа­ко не­го­ви­те гол­ма­ни имаа са­мо две ин­тер­венции за 30 ми­ну­ти иг­ра (по ед­на Ар­сиќ и То­мов­ски).

Оста­то­кот бе­ше са­мо ру­ти­на за из­бра­ни­ци­те на Алек­сан­дар Јо­виќ, кои без проб­ле­ми ја од­ржу­ваа пред­нос­та до са­ми­от крај и ко­неч­ни­те 33-25.

– Среќ­ни сме и за­до­вол­ни што по­след­ни­от нат­пре­вар во 2017 го­ди­на на до­ма­шен те­рен го зав­ршив­ме со по­беда. Одиг­рав­ме не тол­ку доб­ро во од­брана, имав­ме мал­ку и среќа, па по­сти­гнав­ме лес­ни го­ло­ви од кон­тра и од по­лукон­тра. Бев­ме дос­та до­бри во на­па­дот, иг­рав­ме трпе­ли­во и че­кав­ме да из­гра­ди­ме шанса. За­до­вол­ни и среќ­ни сме што до­маш­на­та пуб­ли­ка ја из­ра­ду­вав­ме со по­беда, а се­га ни сле­ду­ва и меч со Нексе, за кој ис­то та­ка ќе мо­ра­ме да се под­гот­ви­ме – из­ја­ви тре­не­рот Алек­сан­дар Јо­виќ

Ја­га­њац бе­ше прв стре­лец со де­сет го­ла (осум во прво­то по­лув­реме), Куз­ма­нов­ски по­сти­гна се­дум по­го­доци, до­де­ка Мартин То­мов­ски го зав­рши ме­чот со осум ус­пеш­ни ин­тер­венции.

– Одиг­рав­ме еден до­бар нат­пре­вар, ис­то ка­ко и пред три де­на со Вар­дар. Ло­ши­те нат­пре­ва­ри ги ос­тавив­ме зад нас, да­дов­ме сè од се­бе на де­неш­на­та средба, па сме­там де­ка зас­лу­же­но му се ра­ду­ва­ме на но­ви­от три­умф – до­пол­ни Ма­рио Тан­ков­ски.

Оваа го­ди­на не мо­же да се прет­ста­ви ка­ко ус­пеш­на за Ме­та­лург, но ра­ду­ва фак­тот де­ка во прес­рет на 2018 го­дина, ра­ко­ме­та­ри­те од Ав­то­ко­мад­на ќе вле­зат со по­го­ле­ма са­мо­до­вер­ба до­би­е­на од убед­ли­ви­от три­умф.

The post „Ме­та­лурзите“ до­ми­ни­раа со Ди­намо appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*