Матичарот дома!

svadbaВо Македонија годинава месечно се склучувале по околу 1.300 брака, од кои околу 450 се само во Скопје. Двојките сѐ почесто се одлучуваат матичарот да го повикаат на локација што ја одбрале, отколку тие да одат во некој од објектите на матичните служби. Од јануари до ноември, на терен досега се склучиле околу 1.100 брака, пишува Нова Македонија.

– Граѓаните најчесто бараат бракот да се склучи во рестораните каде што се одржува семејната веселба или во црквите и манастирите каде што склучуваат црковен брак. Неретко бараат вечниот чин да се случи во нивниот дом, а во летниот период популарни се и туристичките центри, бродовите на Охридско Езеро, Градскиот парк во Скопје, Милениумскиот крст на Водно или на некој културно-историски споменик – вели Катерина Битровска од Управата за матични служби.
Цената за овие услуги зависи од местото на склучувањето на бракот, од датумот и од часот, а изнесува 3.102, 3.402, 6.804 и 13.200 денари.

– Интересот за матичар на терен секоја година расте во просек од осум до десет отсто, но со почетокот на склучување на браковите во Музејот на македонската борба и во портата „Македонија“, атрактивни се и овие локации – рече Битровска.
Според граѓаните, состојбата на објектите за венчавање главно е незадоволителна, поради што повеќе двојки се одлучуваат за новите објекти околу плоштадот „Македонија“.

– Терминот за ова лето што го сакавме во Музејот на македонската борба беше зафатен, па затоа се одлучивме да го викнеме матичарот во ресторанот каде што ја прославувавме нашата свадба. Гостите немаа потреба да одат на друга локација и тоа им овозможи на сите да го проследат овој официјален дел. Парите што дополнително ги дадовме навистина вредеа – вели Н. Иванов од Скопје.

М. Трајковска, која го кажа судбоносното „да“ пред една година, пак, се одлучила за матичната служба во Дебар Маало иако не била во добра физичка состојба.
– Иако физичката состојба на матичната служба во Дебар Маало не е совршена, решивме таму да закажеме термин и воопшто не се покајавме. Цените се поприфатливи отколку оние за матичарите на терен, а просторијата ме потсети на фотографиите што ги гледав од родителите – вели таа.

Граѓаните искажуваат незадоволство во поглед на матичните служби во Маџари и Ѓорче Петров, каде што велат дека се чека долго време за добивање на документите, сметаат дека треба да има повеќе вработени лица за запишување на новороденчињата, а просториите треба да се реновираат.

Управата располага со 178 матични подрачја, каде што се водат матичните книги на родени и на умрени, како и матичните книги на венчани, кои меѓусебно се електронски поврзани. Во Скопје почна изградбата нов објект, кој е во непосредна близина на плоштадот „Македонија“. Просторот изнесува 762 квадратни метри, ќе има гардеробери, помошни простории, а објектот треба да биде завршен кон средината на 2017 година.

Завршната фаза на воведувањето електронски матичен регистар, која ја најави директорот на Управата за водење матични книги, Силас Муслиоски, минатата година, сè уште не функционира со полн капацитет.
– Сите подрачни одделенија и подрачни канцеларии на УВМК, освен Кичево и Прилеп, се електронски поврзани. На поврзување на споменатите градови интензивно се работи. Барање за извод, граѓаните можат да добијат каде било доколку се родени или венчани во Македонија, а живеат во друг град – изјавува Муслиоски.

Со целосното имплементирање на електронскиот матичен регистар им се овозможува слободен пристап на сите граѓани на државата, кои на многу полесен и поедноставен начин ќе можат да ги извадат документите од управата, а тоа се изводите од матичните книги на родени, венчани и умрени.

Колумна на денот

Јазикот како друго рамниште

Пишува Артан Садику Целокупната дискусија околу Законот за јазиците мора да биде пресретната со системскиот предизвик на засебноста на категориите јазик и закон. Зашто јазикот секогаш […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*