Манасков одлично дебитираше за Веспрем

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков имаше одлично деби во дресот на Веспрем на натпреварот против Чургои.

Унгарскиот шампион славеше со високи 31:15, а нашето репрезентативно крило постигна осум погодоци. Манасков дури седум од своите погодоци ги постигна во првото полувреме и беше еден од најзаслужните за убедливата победа на домашниот тим.

„Ова беше мој прв официјален натпревар. Многу сум среќен што заврши со ваква извонредна победа. Како што кажа тренерот, ова е само почеток. Ние игравме 60 минути, трчавме многу и многу лесно постигнувавме голови. Уште многу работа стои пред нас“- коментираше Манасков по натпреварот.

Ваквите вести секако дека се добредојдени и за Манасков, но и за Раул Гонзалез поради фактот што Манасков две години се мачеше со минутажа во Рајн Некар и Вардар.

Колумна на денот

И сега како треба?

Во училиште во Скопје наставник удрил ученик. Таткото на ученикот го пријавил во полиција. Арно му направил, памет за друг пат, така му треба. Ми […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*