Македонија домаќин на елитните квалификации

Македонија е во група со актуелниот европски шампион Англија и со Унгарија и Летонија, а квалификацискиот турнир закажан за в март догодина, ќе се одигра во фудбалскиот центар „Петар Милошевски“ во Скопје.

 

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе има можност пред домашната публика во Скопје да се квалификува за адекватното европско првенство.

Македонија е во група со актуелниот европски шампион Англија, со Унгарија и со Летонија, а квалификацискиот турнир закажан за в март догодина, ќе се одигра во фудбалскиот центар „Петар Милошевски“ во Скопје.

На истиот терен во претквалификациите нашите фудбалски надежи остварија победи во дуелите со Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн, по што оптимизмот е на највисокото можно ниво, надевајќи се дека сега е возможно да се повтори истиот успех и во елитните квалификации.

Термините за одигрување на натпреварите се 21, 24 и 27 март, кога ќе се сретнеме со соодветните селекции на Англија, Унгарија и Летонија.

Домаќин на европското првенство е Финска.

Во меѓувреме ги добивме противниците на нашата селекција до 17 години, која исто така ќе биде дел од квалификациски турнир. Во првата фаза од квалификациите (2018/19) во октомври следната година Македонија ќе игра во групата 4 заедно со една од најдобрите светски селекции Шпанија, плус Израел и Фарските Острови. Дополнително ќе биде одредено кој ќе биде домаќин на групата.

Најдобрите две репрезентации од секоја група (вкупно 13) плус четирите најдобри третопласирани селекции ќе играат пролетта 2019 година во елитните квалификации за пласман на ЕП.

The post Македонија домаќин на елитните квалификации appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Коѕиас

Согласно на стиховите на Василис Цицанис, Солун е град, кој секогаш во своите широки прегратки ги чува оние, кои се проникнуваат со миразот на убавината […]

Интервју на неделата

Горан Трајковски: Македонија е зафатена од чумата на Новиот Вавилон

Тој е можеби еден од најдлабоките, најмистериозните и истовремено наједноставните луѓе во нашава државичка и пошироко. Тивок, начитан, паметен и уметник со голема театралност. Неодамна […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*