Крваво дерби во Белград, повредени 17 навивачи (Видео)

Најмалку 17 лица се повредени во пресметката која го одбележа вечното 156. дерби во Белград меѓу Партизан и Црвена Звезда.

По првото полувреме, пресметката избила на јужната трибина на стадионот на црно-белите.

„Повредени се над 17 навивачи, се уште не се знае точната бројка бидејќи сите екипи се уште не се вратени од теренот. Едно момче е префрлено на реанимација на Военомедицинската академија која е дежурна“, истакна портаролката на Итната помош, Нада Мацура.

Медиумите пренесуваат дека се работи за тепачка во која настрадале членовите на една фракција на „Гробарите“, а колку сериозна била ситуацијата покажува што дел од фановите беа спасувани од специјалната полиција и биле претепани и соблечени до гола кожа, а едно момче е во животна опасност и итно е пренесено во болница.

Мечот заврши 1-1, први поведоа домаќините со голот на Сума од пенал во 62. минута, а црвено-белите изедначија преку Боачи на шест минути пред крај.

Црвена Звезда ја задржа предноста од девет бода пред второпласираниот тим на Партизан воочи зимската пауза.

The post Крваво дерби во Белград, повредени 17 навивачи (Видео) appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*