Кристијано се уште не ја преболел Ирина

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо направил чудна исповед пред своите роднини. Португалецот сé уште ја нема преболено неговата поранешна девојка Ирина Шајк, која пред три години стави крај на врската.

„Тој сè уште ја сака и жали што сѐ е готово. Кристијано продолжува да размислува за неа постојано“, изјавил извор близок до Португалецот за „Сан“.

Според него, напаѓачот и Ирина се разделиле затоа што таа сакала бебе, а тој веќе го имал Кристијано Џуниор и бил целосно фокусиран на фудбалот.

Три години подоцна, рускиот модел има ќерка од актерот Бредли Купер, а Кристијано – уште три деца.

„Роналдо е љубоморен поради нејзината нова врска, иако тој во моментов е со Џорџина и е среќен“, додал изворот.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата