Косово ќе отвори истрага за апсењето на Ѓуриќ

Полицискиот инспекторат на Косово ќе започне истрага против сите припадници на полицијата на Косово кои учествуваа во апсењето на Марко Ѓуриќ, пишува „Зери“.

Истрагата ќе биде отворена по барање на заменик-министерот за внатрешни работи на Косово од Српската листа, Милан Радоевиќ.

„Кон крајот на март службено од Полицискиот инспекторат на Косово побарав кривична одговорност за полицајците што учествуваа во таа акција. Надлежно за истрагатата е Основното обвинителство во Митровица. Последната информација што ја имам е дека треба да биде одржан состанок на претставниците на Инспекторатот и Обвинителството со главниот обвинител, кој ќе им даде насоки како да се води истрагата“, рече Радојевиќ.

Специјалните единици за итна интервенција на полицијата на Косово на 26 март во Митровица го уапсија Ѓуриќ со образложение дека нелегално пристигнал на Косово.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата