Комплетирана листата на бендови кои ќе настапат на „Рокфест 2018“

Комплетирана и листата на учесниците во натпреварувачкиот дел на „Рок фест 2018“, кои ќе настапат на 27 април во концертната сала на МКЦ во Скопје.

Од големиот број пријавени бендови од цела Македонија во натпреварувачкиот дел ќе се појават само пет состави и тоа скопските „Фикшн“, „Антиарт“, „Метаноја“, „Конспираси“, како и битолскиот рок-состав „Саунд вејв“. Како гости на финалето, ќе се појави скопскиот експериментален-индустријал состав „КННТ“, кои со својот настап ќе ја збогатат програмата и ќе ја зовријат атмосферата на стартот на „Рок фест“.

Од групите кои ќе свират во натпреварувачкиот дел има два состави кои свират метал-музика, „Метаноја“ и „Конспираси“. За разлика од нив, музиката на „Фикшн“ е во инди и рок манир, „Саунд вејв“ е рокерски бенд, додека, пак, музиката на „Антиарет“, кој е составен од искусни музичари, е интересна комбинација на повеќе различни музички стилови.

Освен ова, се знаат и имињата на групите кои ќе настапат во ревијалниот дел. Хевиметал-бендот „Патриас“ од Србија и металците „Резистенс“ од Грција, ќе бидат гости на првата ревијална вечер на годинешното издание на „Рок фест“. Тие ќе свират на 28 април, заедно со нашите „Визија“ и „Стил темпл“, со што оваа вечер се конципира како металска, каде во преден план ќе бидат бучните и гитарски делници и убиствени ритам секции.

Групата „Патриас“ доаѓа од Смедерево, соседна Србија, и зад себе има голем број настапи. Групата ја сочинуваат пејачот и басист Саша Ѓорѓиевиќ, гитаристот Дарије Дејановиќ и тапанарот Ненад Јовановиќ. Бендот до сега има снимено еден албум насловен „Пут“, кој излезе под етикетата на издавачката куќа „Мајнер рекордс“. Нивната музика плови на брановите на хеви-металот и хард-рокот, но тројцата момци внесуваат и многу новини и сопствен музички потпис. Во моментов „Патриас“ го снима својот втор албум, а дел од тој материјал ќе биде концертно промовиран во Скопје на „Рок фест“.

Нивните музички колеги од Грција, момците од групата „Резистенс“, доаѓаат како претставници на новата метал-сцена од Солун. Бендот во моментов го снима својот деби албум во кој може да се почувствуваат инфлуенции од големите светски бендов кои свират хеви, прогресив и пауер-метал. Групата ја сочинуваат пејачот Стаматис Теологу, гитаристот Костас Лурмпакис, басистот Бил Нтанос и тапанарот Вангелис Канавицадос. Групата „Резистенс“, веќе има настапувано во Скопје во клупска атмосфера, но ова ќе биде прв пат да свири на поголема сцена каде ќе може да се чуе и почувствува одлична атмосфера.

На последната фестивалска вечер, на 29 април, која исто така е од ревијален карактер, ќе свират три групи, кои имаат поголем музички стаж на домашната рокенрол сцена и зад себе имаат албумски изданија. Вечерта ќе ја отвори кумановскиот состав „Морфеј“, по што следуваат скопските „Блек енд вајс соушл клаб“ и „Никеја“.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*