Коми: Можно е Русите да имаат компромитирачки информации за Трамп

Ако претседателот Доналд Трамп се обиде да го отпушти специјалниот советник Роберт Милер, тоа би значело сериозен напад врз владеењето на правото, предупреди поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, во интервју за „Еј-би-си њуз“.

„Се надевам дека ќе предизвика алармни ѕвона оти ова е неговиот најсериозен напад на владеењето на правото. Тоа би било нешто што е повисоко од сите нормални борби за политика“, изјави Коми.

Инаку, Милер го испитува мешањето на Русија во изборите во 2016 година и сите можни врски меѓу соработниците на кампањата на Трамп и Русија. Трамп во неколку наврати ја нарече истрагата лов на вештерки и негира каква било поврзаност.

Коми нагласи и дека е возможно Русите да имале информација за Трамп, која ја користеле за да го компромитираат.

„Мислам дека е можно, не знам. Би сакал да не го кажувам ова, но тоа е вистината. Секогаш ме погодува тоа…“.

Според Коми, Трамп е морално неспособен за да биде претседател и тврди дека постојат некои докази за попречување на правдата од страна на Трамп.

Ова е прво интервју на Коми откако Трамп го отпушти минатата година. Исто така, започнува промотивна турнеја со која поранешниот директор на ФБИ се обидува да ја промовира својата нова книга „Висока лојалност“.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата