Колумбија и Бразил со построга контролата на границата со Венецуела

Колумбија и Бразил ќе ја заострат контролата на границата со Венецуела во обид да се справат со порастот на мигранти од соседната земја зафатена од економската криза.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос рече дека ќе наложи построга мигрантска контрола, ќе го прекине издавањето на гранични карти, но ќе им дозволи на Венецуелците привремено да влезат во Колумбија за да купат храна и лекови. Тој ќе распореди уште 3.000 лица за безбедност на границата, вклучитено и 2.120 војници.

За мерките што ќе ги преземе, Сантос говореше при посетата на пограничниот колумбиски град Кукута, додавајќи дека неговата влада будно ќе го следи секое незаконско однесување на Венецуелците.

Според него, Колумбија троши милиони долари за поддршка на мигрантите.

Бразилскиот министер за одбрана Раул Жунгман изјави дека владата ќе распореди уште војници на границата со Венецуела и ќе почне да ги преместува илјадниците венецуелски бегалци, дојдени да бараат храна, работа и засолниште.

Според него, армијата ќе го зголеми својот контингент по границата на 200 војници.

Тој информираше дека владата на Бразил нема да ја затвори границата и планира да ги премести бегалците кон градовите во внатрешноста на државата, каде што ќе можат да најдат работа и живеалиште.

И Бразил и Колумбија рекоа дека ќе преземат взаемни мерки за пребројување на венецуелските мигранти влезени на нивна територија.

(МИА)

The post Колумбија и Бразил со построга контролата на границата со Венецуела appeared first on Слободен печат.

Колумна на денот

Teşekkürler Recep, Спасибо Влади́мир

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

  Каква неблагодарност од наша страна! Во цунамито честитки и поздрави, пофалби, самопофалби и тапкања по рамо (во растреперено очекување Јункер да нѐ благослови и […]

Интервју на неделата