Колинда: Не ме интересираат контрамерките на Србија

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, изјави дека не ја интересира кои реципрочни мерки ќе ги воведе Србија.

„Не ме интересира кој ќе биде одговорот на Србија, туку како ќе продолжи дијалогот. Србија мора да одлучи што ќе преземе понатаму“, изјави Грабар-Китаровиќ.

Запрашана како би ги оценила односите помеѓу двете земји по инцидентот што го предизвика лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, и изјавата на српскиот министер за одбрана, Александар Вулин, Китаровиќ вели дека не е задоволна од состојбата на односите меѓу двете земји.

„Со години работевме на посетата на Вучиќ во Хрватска и конкретните мерки што мора да се преземат кон решавање на отворените прашања“, изјави претседателката на Хрватска.

Србија денеска најави контрамерки за Хрватска, која претходно му забрани влез на Вулин на нејзина територија.

Колумна на денот

Закаснета колумна на Агрон Биба од зад грб т.е зад гроб

20/04/2018 kalimero nemapravda 0

Знам, поминаа неколку недели од последната колумна. Влегов и јас во тие води, средовечни здравствени проблеми со притисокот. Требаше да одам дури во Бурса на […]

Интервју на неделата